ДОМ е против јужна обиколница на Водно

ДОМ како зелена партија е против изградба на јужна обиколница на Водно, зашто со тоа ќе се уништи широк шумски појас и ќе се овозможи брза и неповратна урбанизација на парк-шумата. Особено иритира најавеното поместување на границата нагоре за уште 50м над т.н. Шпанско село, кое е симбол на арогантното газење на законите и безмилосното уништување на зеленилото на Скопјани. И сега, во интерес на досегашните узурпатори и сопственици на раскошни дивоградби, се најавува ново легално освојување на планината! – изјави портпаролот Тони Ристов.

ДОМ како зелена партија е против изградба на јужна обиколница на Водно, зашто со тоа ќе се уништи широк шумски појас и ќе се овозможи брза и неповратна урбанизација на парк-шумата.

Го поздравуваме ставот на градот Скопје да не се дозволи урбанизација на парк-шумата Водно, но сметаме дека таа благородна намера нема да се оствари со наводно штитење на Водно со изградба на 7 метри широк пат, кој ќе чини 300 милиони евра. Напротив, јужната обиколница, наместо заштита на границата на Водно, ќе значи освојување нов зелен простор и негово претворање во сив бетон.

Особено иритира најавеното поместување на границата нагоре за уште 50м над т.н. Шпанско село, кое е симбол на арогантното газење на законите и безмилосното уништување на зеленилото на Скопјани. И сега, во интерес на досегашните узурпатори и сопственици на раскошни дивоградби, се најавува ново легално освојување на планината! – изјави портпаролот Тони Ристов.

Повеќе од сигурно е дека нови згради ќе никнат од двете страни на таа обиколница, се дури не се исече и последното дрво и Водно не се претвори во бетониран рид, како што тоа се случи во Атина. Овој некогаш прекрасен град со пошумени ридови се претвори во пример за еколошка катастрофа, каде поради уништувањето на зеленилото и прекумерната урбанизација се смени климата, па стана еден од најзагадените градови со пеколни летни температури.

ДОМ апелира да не дозволиме истото да му се случи на нашето Скопје! Водно се нашите бели дробови, ние мораме да ги заштитиме во интерес на нашето здравје, во интерес на здравата иднина на нашите деца!