ДОМ повикува да се спречи еколошка катастрофа на Брегалница, со ·максимална мобилизација на локалните институции Хидро-системот Калиманци, Водостопанство Брегалница и општина Виница, за да се обезбеди нормален проток на вода во речното корито и да се спаси рибниот фонд, но и стопанските капацитети наоколу. Сепак, знаејќи во каква состојба се наоѓаат сите тие институции, со недоволно опрема и кадар, ДОМ цени дека за излез од кризава ќе биде неопходна помош и од Министерството за животна средина и Владата.·
ДОМ повикува да се спречи еколошка катастрофа на Брегалница, со максимална мобилизација на локалните институции Хидро-системот Калиманци, Водостопанство Брегалница и општина Виница, за да се обезбеди нормален проток на вода во речното корито и да се спаси рибниот фонд, но и стопанските капацитети наоколу. Сепак, знаејќи во каква состојба се наоѓаат сите тие институции, со недоволно опрема и кадар, ДОМ цени дека за излез од кризава ќе биде неопходна помош и од Министерството за животна средина и Владата.
ДОМ од поодамна се бори за интегрирано управување со речните сливови и укажува во каква катастрофална ситуација се наоѓа македонското водостопанство, раздробено и заборавено. Водите мора да се управуваат стручно и одговорно, зашто тие се нашиот најважен ресурс. Досега успеавме да го донесеме современиот Закон за води и да ги внесеме водите во Екологија, но тоа е само почетокот.
За да може тој закон и да заживее, неопходни се средства, не многу големи, за изготовка на стратешките документи и за нивна примена, неоходен е прием на стручни лица и конечно, сериозен однос кон водите.