Претседателката на ДОМ Лилјана Поповска, на покана од грчката зелена партија Екологисти Зелени и европратеникот Михалис Тремопулос , денеска престојуваше во Атина. Ова е една од ретките посети на македонски политичар на Грција, но оваа посета го потврдува фактот дека зелената политика ги обединува политичарите кога станува збор за заштитата на животната средина и безбедноста на регионот.

Во оваа прилика беше одржана и прес конференција на која претседателката Поповска изјави „Ние од ДОМ, како зелена партија и како членка на БАН Коалицијата, сме многу загрижени од плановоте за изградба на нуклеарни централи на Балканот. Затоа во Собранието поднесовме резолуција со која побаравме мораториум за изградба на нуклеарна централа и ревизија на Националната стратегија за енергетика. Како зелени веруваме дека природата не познава граници и наш заеднички интерес е да се свртиме кон иднината, кон обединети Балкан и Европа. Затоа мора да се откажеме од плановите за изградба на нуклеарки и да се фокусираме на обновливите енергетски ресурси и развојот на зелената економија, како што е туризмот“.