ДОМ им дава силна поддршка на Велешани во борбата за нивното здравје и протестира против одлуката на судот за ново испитување на загаденоста на почвата во градот. Со неа неоправдано се одолговлекува спорот што тие го имаат со државата во случајот Топилница.

Топилницата во Велес е најдобар пример од кој може да се види колку е погрешен стариот либерален концепт на економија, кога е важен само профитот, а на сметка на здравјето и животната средина. Затоа ние од ДОМ, како зелена партија, инсистираме на зелена економија, која води сметка и за човекот и екологијата.
Запрепастени сме што Велешани повторно се соочуваат со бавно и неефикасно судство, кое доставените стручни студии за квалитетот на почвата во Велес ги прогласува за недоволен аргумент и бара нови испитувања со неразумно високи цени, изјави денеска Лилјана Поповска, претседател на ДОМ. Таа потсети дека сето ова се случува во деновите на Планетата Земја, кога треба да мислиме и да делуваме во насока на заштита на животната средина, што ќе има влијание на квалитетот на животот и здравјето на граѓаните.