На изборите настапуваме самостојно, за поблиску да им ја претставиме на гласачите зелената опција. Зелената политика нуди одржливост на системот човек-природа-општество. Таа тријада овозможува да се постигне поголема социјална правда и одржлив економски развој.
Зелените во Европскиот парламент со своите политики и позитивни ставови кон Македонија, не обврзуваат да ги интензивираме нашите политички дејства. Воедено како приоритени политики на Зелените, но и на Европската Унија се економијата, енергетиката и екологијата, кои ДОМ во своето досегашно дејствување максимално ги покриваше во политичката практика, но сега е потребно тие да бидат посилно промовирани – оцени проф. д-р Димитар Мирчев.
Претседателката Лилјана Поповска во својот воведен збор на трибината рече – На изборите настапуваме самостојно, за поблиску да им ја претставиме на гласачите зелената опција. Зелената политика нуди одржливост на системот човек-природа-општество. Таа тријада овозможува да се постигне поголема социјална правда и одржлив економски развој и затоа ДОМ особено внимание посветува на енергетиката како важен столб на економијата, со обновливи енергии и енергетска ефикасност, потоа на производството на здрава храна и алтернативниот туризам. Македонија има одлични услови за овие политики и за отворање илјадници нови зелени работни места, преку државни субвенции и зелени кредити со 2-4% каматни стапки.