ДОМ апелира до сите партии да бидеме пристојни на претстојните избори и да не употребуваме грди и навредливи изрази и лични дисквалификации. Мораме да бидеме демократични и да овозможиме слободна агитација на секој политички субјект, без притисоци, без уцени и без купопродажба на живи луѓе.
ДОМ апелира да бидеме одговорни кон државата во оваа изборна кампања. Да не и штетиме на држават со јавни лицитации околу името и спорот со нашиот јужен сосед. Посебно ова го нагласуваме, затоа што гледаме дека кружи една декларација од колегите од ВМРО – НП, каде што се бара од нас како политички партии да се откажеме од потребата за референдум околу изјаснување за било какви промени со името. Тоа за нас во ДОМ е неприфатливо. Референдумот е единствена легитимна одлука на граѓаните која би можеле да ја почитуваме, се друго е неприфатливо – изјави претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска на прес конференцијата.