ДОМ поднесува резолуција против нуклеарна централа во Македонија

ДОМ ги повикува носителите на одлуки, научната јавност и граѓаните на Република Македонија да постигнат консензуз за енергетска иднина без нуклеарка.

Сериозно сме загрижени од ставовите кои овие денови беа искажани во јавноста и од рамислувањата на одредени поединци и институции кои и покрај се не се откажуваат од идејата за изградба на нуклеарна централа во Македонија. Цврсто стоиме на ставот дека Македонија треба да каже Не на нуклеарната енергија.

ДОМ предлага резолуција против изградба на нуклеарна централа во Македонија. Со неа ќе побараме ревизија на Националната стратегија за енергетика и ставање траен мораториум на било какви активности поврзани со ова прашање. Ќе ги повикаме сите невладини организации и граѓани да ја поддржат резолуцијата која преку пратеничката Лилјана Поповска ќе ја доставиме во Собранието на Република Македонија.

Ние како држава мораме сериозно да почнеме да работиме на употребата на обновливите извори на енергија и со нив да постигнеме енергетска стабилност. Тоа е можно! Примерот со Германија ни е јасен показател, која, веќе близу 40% проценти од енергијата ја добива од обновливите извори а сега работат на зголемување на тој процент.

ДОМ ја најави средбата на балканските зелени партии и невладините организации. По наша иницијатива и интензивните разговори со колегите од зелените партии од соседните земји одлучивме да формираме Балканска Анти-нуклеарна коалиција (БАНК), која својот инаугуративен состанок ќе го има наредната недела (26 март 2011) во Софија, Република Бугарија. Целта на оваа средба ќе биде да се постави краткорочна стратегија за заедничка акција, со која ќе се побара запирање на изградба и планирање на нови нуклеарни централи на Балканот. Исто така ќе предложиме заедничка нацрт резолуција на Советувањето на Европската Зелена Партија, на почетокот на април во Будимпешта. ДОМ и балканските зелени се цврсто решени Балканот да го ослободат од нуклеарни закани.

На прес конференцијата зборуваше портпаролот на ДОМ Тони Ристов