На денешната трибина насловена „Како во судска постапка да се докаже МОБИНГ-от“ ( психичко вознемирување на работно место) се дискутираше за имплементација на законските одредби кои ја третираат оваа проблематика, а се вметнати во Законот за работни односи и со кои се санкционира мобинг – психичко вознемирување на работно место, донесен на 10.09.2009 година, по предлог на пратеничката Лилјана Поповска, а по иницијатива на ФОРУМОТ НА ЖЕНИ на ДОМ.
На трибината дискутираа адвокати , претставници од невладиониот сектор, претставници на синдикатите како и лекари од институтот за медицина на трудот.
Дискутантите се осврнаа на проблемите околу докажувањето на мобингот во судската постапка односно како треба да се работи на развојот на свеста на поедницот за грижа за своето здравје, но и за грижа на здравјето на работникот како основа за економски и културен напредок, превенција на конфликтот и негова медијација во работната организација итн.
Др. Вера Басерска, од институтот за медицина на трудот се осврна на влијанието на здравјето на личноста како жртва на мобинг и проблемите кои можат да настанат од психо-физичка природа, и понуди помош од иституцијата како надлежна за ваков тип на здравствени нарушувања.
Лидија Кекеновска Павиќ како претставник на НВО МОБИНГ ПРОГРАМА истакна дека е неопходно да се сензибилизира јавноста за ова прашање и дека е неоходно да се работи на Национала стратегија за борба против мобинг .
Претставникот на Унијата на независни и автономсни синдикати на Македонија ја презентираше СОС- линијата за жртви на мобинг (02/3220252)
Во дискусијата се вклучија и птретставници на синдикалните организациии со свои видувања и мерки за искорњенување на оваа појава.