Задоволство од одлуката да се додели визна либерализација на Македонија

Во одлуката на Министрите за надворешни работи на ЕУ, Република Македонија е многу јасно потенцирана, како единствена земја од Западен Балкан која во целост ги исполнила строгите критеруми за визна либерализација поставени од ЕУ и дека со сигурност на почетокот на идната година Македонија ќе биде ослободена од оваа бариера.

ДОМ изразува задоволство од одлуката на Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија. Оваа одлука е резултат на долгогодишните напори што Република Македонија ги вложи во процесот на евро-атлантското интегрирање и резултат на посветеноста во исполнувањето на критериумите за наше полноправно членство во Европската Унија.

 Оваа одлука значи многу за македонските граѓани. Конечно ќе можат да се почувствуваат бенефитите од протокот на луѓе, идеи и капацитети. Тоа значи признавање и на економските, културните, научните и историските вредности кои Република Македонија ги поседува и нивна промоција во Европската Унија.

 ДОМ изразува задоволство и од работата на Владата на Република Македонија, која во изминатиот период, сериозно пристапи кон надминување на овој цивилизациски ѕид и успеа со преземените политики и активности да ја однесе Македонија чекор поблизу до Европската Унија.