ДОМ предлага Декларација за зелени општини во Македонија

ДОМ по повод Денот на планетата Земја и лошото рангирање на Македонија на светската еколошката рејтинг листа ги повикувасите градоначалници, советници, невладини организации, политички партии и претставници на бизнис заедницата да ја поддржат Декларацијата за зелени општини.

Декларацијата предлага заштеда на енергија, користење обновливи извори на енергија, отворање зелени работни места и зелени бизниси во општините, поддржува производство на органска храна. Сите потписници на оваа декларација се обврзуваат за решавање на проблемите со водоснабдувањето, третманот на отпадни води, преземање активни мерки против загадувањето на воздухот, водата, почвата, надминување на сообраќајниот хаос. Најавуваме создавање ефикасен мониторинг за заштита на животната средина преку формирање еколошки патроли, а ќе биде организираанзелен караван за да ги посетуваат општините.Советниците и новоизбраниот градоначалник на општина Чешиново – Облешево, од ДОМ се првите потписници на оваа декларација.

Декларацијата ќе биде упатена писмено до сите градоначалници во Македонија.