Возобновување на Фондот за животна средина и обновливи енергии

Најава наКонференција на тема

ВОЗОБНОВУВАЊЕ НА ФОНДОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ОБНОВЛИВИ ЕНЕРГИИ

Конференцијата ќе се одржи на 11.03.2009 (среда), во Клубот на пратеници (Мунти сала), со почеток од 11 часот.

Македонија прва на Балканот имаше Фонд за заштита на животната средина. Меѓутоа неколку години наназад тој фонд не постои, со што се оневозможени или запрени многу активности кои би оделе во насока на заштита и унапредување на животната средина.

Нашата животна средина има потреба од возобновување на овој фонд со кој би се субвенционирале и поддржале проектите и активностите на претприемачите, општините и другите организации, преку кои би се постигнале целите на одржливиот развој и би се подобриле состојбите во животната средина, економијата и социјалата.

ПРОГРАМА

  • 11.00 – Почеток на конференцијата
  • Модератор на конференцијата Соња Лепиткова
  • Лилјана Поповска, Претседател на ДОМ
  • Поздравно обраќање
  • Соња Лепиткова, Потпретседател на ДОМ и Заменик министер за животна средина и просторно планирање
  • Потреба од постоење на фонд за животна средина и обновливи енергии
  • Љупчо Аврамовски, поранешен директор на Фондот за животна средина  
  • „Искуствата на фондот за животна средина во Република Македонија“
  • Катарина Стојковска, директор на Регионален центар за животна средина за Централна и Источна Европа – канцеларија во Република Македонија  
  • Препораки за дејствувањето на фондот за животна средина и обновливи енергии”