Обновливата енергија како потенцијал во енергетиката

Енергијата ја има клучната улога за понатамошниот економски развој на современото општество. Современиот начин на живеење и сите индустрии зависат од енергијата. Ресурсите кои ги користиме во моментов се повеќе се намалуваат и во следните две-три децении целосно ќе исчезнат, што неминовно води кон енергетска криза. Тие се најодговорни за климатските промени и опстојувањето на постоечката цивилизација.

Развиените земји, но и земјите во развој, конечно разбраа дека треба да се промени начинот на производство на енергија и изворите за искористување. За таа цел преземаа сериозни активности на сите нивоа во економскиот, но и политичкиот живот. Рака под рака, економијата,науката и политиката создаваат услови за максимално искористување на обновливите извори на енергија.

Македонија има голем потенцијал на обновливи извори на енергија, но тој е многу малку искористен. Треба да се угледаме на земјите кои на ова поле имаат направено значителен напредок, како на пример Португалија која речиси 40% од енергијата ја добива токму од обновливите извори. Обединувањето на економијата, науката и политиката е неопходно за да успееме преку обновливите енергии да креираме Зелени градови, креирање нови зелени вработувања и конечно научниците и инженерите да си го добијат заслужениот статус во државата со што ќе се подобри и економскиот и технолошкиот развој на државата – рече претседателката на ДОМ Лилјана Поповска на трибината.

Јасна Иванова Давидовиќ од Електрани на Македонија – обраќајќи се на присутните на трибината изјави. Потрошувачката на енергија расте и ние сме соочени со изнаожање на решенија за нови технологии и ниови извори на енергија. Досегашните студии со кои се третирани обновливите извори на енергија покажуваат теоретски дека тие можат да ја задоволат и целосно побарувачката која ја има Република Македонија Така само од биомаса можат да се добијат 8 800GWh, а речиси по исто толку може да се добијат и од хидро потенцијалот и од ветерот. ЕЛЕМ прави чекори за искористување на ветерот и се надеваме дека како искусна компанија успешно ќе го реализираме тоа, со што би ги стимулирале приватните инвестиции од странски и домашни лица.

Во името на приватниот сектор на трибината зборуваше Звонко Марковски, директор на Сието, кои ги имаат и првите пионерски чекори на полето на искористување на обновливите енергии. Во отсуство на било каква државна стратегија за развој и користење на системите за производство на струја од обновливи извори, Сието, пред 8 години започна со сопствен развој на овие системи и досега има околу 40инсталации низ Македонија. Како еден од позначајните проект е целосно енергетски независниот објект за домување во с. Кадино кое го постигнавме со користењето на системите од наше производство. Сието исто така во септември 2008 започна и со изградба на првата соларна централа во Македонија со вкупна годишна моќност на од 22MWh.Но се појавуваат и одредени административни проблеми пред се поради Недоволната координација на Агенцијата за енергетика и деловните банки, потребата од поедноставување на процедурата за вадење градежна дозвола и скратување на постапката за добивање лиценца за производител на електрична енергија.

На трибината беше заклучено дека потреба е поголема координираност на сите чинители и интересенти, а исто така и поголема вклученост на јавноста во понатамошните проекции за енергетскиот систем во Македонија.