ДОМ: Став на ДОМ за разговорите за името

Сакаме да им дадеме сугестии на нашите колеги од политичките партии кои во понеделник ќе разговараат на т.н. наречена лидерска средба.

ДОМ предлага разговорите во Њујорк да се водат во 2 чекора. Прво да се побара во ООН да се потврди нашиот идентитет со што во графите за нацијата и јазикот да стои македонски. Како втор чекор да продолжат разговорите за разликите околу името, кои веруваме ќе се водат во многу порелаксиранa и поконструктивна атмосфера. За нас како ДОМ прифатлива е двојната формула, под услов да се договори пристојно име со кое Грција би ни се обраќала. СДСМ и нивните партнери веќе цела година јавно лицитираат со различни имиња на државата што тотално ја урна преговарачката позција на РМ. Токму затоа, на изборите граѓаните се откажаа од нив и ѝ дадоа масовна поддршка на опцијата која застана во одбрана на македонскиот идентитет. Гледаме дека за СДСМ е прифатливо секое име кое грчката страна го нуди. Тие како да не разбираат дека промената на името на државата повлекува промена во името на народот и јазикот, кои се елементи на идентитетот. Сите заедно треба да бидеме максимално одговорни. Секоја генерација има своја битка, а ова е нашата.

Прес конференцијата ја водеше претседателката Лилјана Поповска

Центар за информации и комуникации на ДОМ

Скопје, 03.10.2008