Соопштенија

Поповска за новата методологија на ЕУ: Животната средина да се отвори заедно со судството и правната држава

image_3324654.jpg

На денешната седница на Советот за евроинтеграции во дискусијата за новата методологија на ЕУ за пристапување на земјите од Западен Балкан, пратеничката Поповска од ДОМ предложи поглавјето за животната средина да се отвори заедно со поглавјата за судството и правната држава.

Повеќе...

ДОМ: Зелените приоритети клучни за коалициски настап

84359384 2944045862281216 9078991746217541632 n 1

Централниот одбор на ДОМ на вчерашната седница, дискутираше за актуелната политичка состојба и претстојните парламентарни избори. По јавната покана од страна на претседателот на СДСМ, до сите коалициски партнери за продолжување на коалициската соработка, Централниот одбор на ДОМ донесе одлука, ДОМ во најкус можен рок, да започне разговори со СДСМ. Фокусот на разговорите да биде ставен на реализирањето на програмските приоритети на ДОМ и персоналното учество во креирањето и спроведувањето на политиките. По добиените информации, одлуката за настап на ДОМ на претстојните парламентарни избори, Централниот одбор ќе ја донесе на следната седница.

Повеќе...

Европските зелени со силна поддршка за македонската евроинтеграција

84781343_204251187426559_1898558145366589440_n.jpg

Денес, во Скопје, зелената партија ДОМ организираше трибина на тема “Перспективите на македонската евроинтеграција” на која пред присутните се обратија генералната секретарка на Европската зелена партија, Мар Гарсија, лидерката на ДОМ и пратеничка, Маја Морачанин, пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, претседателот на Комисијата за надворешна политика на ДОМ, Емил Крстевски и претседателот на МОДОМ, Бојан Петровски.

Повеќе...

ДОМ: ДОМ бара итна истрага и разврска на скандалот со медицинскиот отпад

22281931 1649859168366565 3928002786564844023 n 1 2

ДОМ бара итна истрага и разврска на скандалот со криминален третман на медицински отпад кој необработен завршувал на депонијата „Дрисла“. На потег е Јавното обвинителство, до кое е пријавен случајот уште во декември 2019 година. Бараме да се направи темелна проверка на целосната документација и финансиското работење на фирмата „Еко клуб“ и да се истражи зошто не се вршени професионални контроли од страна на Државниот инспекторат, кој е директно надлежен за контрола на вакви фирми.

Повеќе...

ДОМ: Конечно имаме нов закон за урбанистичко планирање

DOM ZNAME

Зелената партија ДОМ го поздравува донесувањето на Законот за урбанистичко планирање, кој беше синоќа едногласно изгласан во македонското собрание. Тој е заеднички производ на осуммесечна работа и усогласување помеѓу пратениците во работната група на Комисијата за транспорт, врски и екологија со претставниците од Министерството за транспорт и врски. Заслуга за продуктивната и аргументирана дискусија имаат сите учесници во овој процес, вклучително и министерот и претседателката на комисијата.

Повеќе...

Мирослав Богдановски, потпретседател на зелената партија ДОМ: Медицинскиот отпад во кругот на фабриката е извор на заразни болести

84204654 2426617234334471 1939881451650547712 n 696x539

На прес конференцијата во Град Скопје на која се обелодени скандалот со третман на медицински отпад во погоните на МЗТ од страна на фирмата ,,Еко клуб“, главниот инспектор на Град Скопје, Мирослав Богдановски, образложи дека начинот на кој се третирал отпадот е исклучително опасен.

Повеќе...

ДОМ: Генералната секретарка на Европските Зелени, Мар Гарсиа во посета на ДОМ

European Greens DOM Flag

Делегација на Европската зелена партија предводена од генералната секретарка, Мар Гарсиа од 5 до 8 февруари ќе престојува во Скопје, во посета на зелената партија ДОМ.

Посетата се реализира со цел започнување на подготовките за претстојниот Совет на Европските Зелени што ќе се одржи од 12 до 14 јуни во Скопје, оваа година.

Повеќе...

ДОМ: Ефикасна истрага и санкции во случајот „Јавна соба“

DOM ZNAME

Зелената партија ДОМ изразува голема загриженост по пријавата на професорката за постоење на група „Јавна соба“  на апликацијата Телеграм во која се споделувале експлицитни видеа и фотографии со порнографска содржина, најголем дел од  малолетни девојчиња. ДОМ алармира за последиците од споделувањето на приватни информации во групата и апелира до надлежните да го спречат ефектот од споделените приватни информации како имиња, адреси на живеење и телефонски броеви од личностите на фотографиите и видеата.

Повеќе...

ДОМ: Итни мерки против аерозагадувањето, наместо само препораки!

DOM ZNAME

Во услови на енормно аерозагадување, со концентрации на ПМ10 честички неколку пати над дозволеното ниво, предложените предупредувања и препораки од градот Скопје не се доволни. Зелената партија ДОМ бара веднаш да се спроведат следните итни мерки:

Повеќе...

ДОМ: Итно да се изгласа забрана за увоз на отпад како гориво

DOM ZNAME

Зелената партија ДОМ бара итно да се изгласа измената на Законот за управување со отпад предложена од пратеничките од ДОМ, Маја Морачанин и Лилјана Поповска. Со тоа ќе се забрани увоз на отпад како гориво и ќе се отстрани тој извор на загадување во време кога аерозагадувањето е многу високо, а институциите за контрола слаби.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета