Соопштенија

Европските Зелени за Самитот ЕУ-Западен Балкан: Дејствувајте таму каде што се вашите вредности

Самитот на ЕУ-Западен Балкан во Загреб е позитивен сигнал за регионот, но како и вообичаено, не успеа да испорача посилни обврски од двете страни. На европската перспектива на Западниот Балкан и треба недвосмислена поддршка од ЕУ, но исто така, и треба и директна дискусија и конкретни акции.

European Greens DOM ZNAME

 

Повеќе...

ДОМ: Одговорност за масовниот верски собир во Струга!

Зелената партија ДОМ бара од Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство да спроведат итна истрага за денешниот масовен верски собир во Струга. Во време кога на територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба и пропишани се посебни ограничувања и мерки за заштита од КОВИД-19 вирусот недозволиво е групирање по било кој основ.

95793816 1089639874748527 5467007473862836224 n

Повеќе...

ДОМ: Премин кон Зелена економија како излез од корона кризата

Денес во организација на невладината организација Зелен институт и ДОМ, со поддршка на фондацијата Биро де Хелинг од Холандија се одржа онлајн Конференција на тема „Зелена економија за излез од корона кризата“. На Конференцијата воведни обраќања имаа Наташа Амдију, претседателка на Зелен институт и Маја Морачанин, претседателка на зелената партија ДОМ. На Конференцијата која ја модерираше Лилјана Поповска учествуваа и експерти од областа на животната средина, претставници на институции и граѓански организации.

DOM ZNAME

Повеќе...

Зелена економија за излез од корона кризата

94878471_1502945086539419_5634617185314799616_o.jpg

Zoom kонференција „Зелена економија за излез од корона кризата“, 7 мај 2020 година, (утре, четврток), 12:00 - 13:30 (Zoom:https://us02web.zoom.us/j/82640657883).
 Целта е да се дојде до заклучоци за потребните мерки за институционална поддршка на „озеленувањето“ на економијата од аспект на заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

Повеќе...

ДОМ: Поддршка за одлуките на Владата за зачувување на природното и културното наследство

Зелената партија ДОМ ја поздравува одлуката на Владата за координирани инспекциски надзори врз градбите во крајбрежјето на Општините Охрид и Струга, вонредна ревизија на легализацијата на бесправно изградените објекти во Општина Струга и инспекциски надзор врз работите на ревитализацијата на Старата скопска чаршија.

DOM ZNAME

Повеќе...

ДОМ бара инспекциски надзор за седницата на Советот на општина Центар

Зелената партија ДОМ бара Државниот управен инспекторат и Државниот инспекторат за локална самоуправа да извршат инспециски надзор над почитувањето на процедурата за закажување продолжение на седница на Советот на општина Центар, одржана на 04.05.2020 година.

DOM ZNAME

Повеќе...

ДОМ: Македонскиот јазик е историски факт и сегашна реалност

Условувањето на евроинтеграциските процеси на Р.С.Македонија со именување на македонскиот јазик како официјален јазик на Р.С. Македонија и откажување на Македонија од македонското малцинство во Бугарија, го нарушува Договорот за пријателство и добрососедство и понатамошното зацврстување на меѓусебното пријателство.

DOM ZNAME

Повеќе...

Функционерите од ДОМ ќе ја донираат разликата во платата во Солидарниот фонд

Функционерите од зелената партија ДОМ, ќе ја донираат разликата од платата над минималната во Солидарниот фонд за борба против коронавирусот. Од платата за месеците април и мај, сите избрани и именувани функционери од ДОМ, ќе задржат 14.500 денари, а остатокот ќе го донираат.

DOM ZNAME

Повеќе...

ДОМ: Задржувањето на сите вработени, да остане услов за субвенционирана минимална плата

Зелената партија ДОМ апелира до Министерството за финансии да ја преиспита измената на условот за користење на мерката субвенционирана минимална плата од 14.500 по вработен. 

DOM ZNAME

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета