Соопштенија

ДОМ: ЗЕЛЕН ПОСТ-КОРОНА ПЛАН ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

Со цел успешно справување со здравствените и социо-економските последици од корона кризата, Зелената партија ДОМ предлага ЗЕЛЕН ПОСТ-КОРОНА ПЛАН, за економски развој, заштита на здравјето, животната средина и климата. Овој Зелен план ги вградува принципите на одржливост, солидарност и отпорност на евентуални идни кризи. Мерките за пост-корона економската трансформација мора да се насочат на заштита на луѓето и планетата.

107049374 198614828199170 6222653121241584057 n

Главни столбови на Зелениот план се Зелена економија, социјална правда, владеење на правото и почитување на човековите права.

ДОМ смета дека во пост-корона периодот економскиот развој треба да се базира на принципите на Зелената економија. Главните инвестиции треба да се насочат кон намалување на загадувањето на животната средина, на потрошувачката на енергија и промовирање на употребата на чиста енергија. Со цел замена на фосилните горива со обновливи извори на енергија инсистираме на интензивно стимулирање на користење на сонцето и ветерот, како и на реновирање на објекти со цел да се зголеми енергетската ефикасност на зградите во јавниот, комерцијалниот сектор и домаќинствата, како и примена на концептот на паметни зелени градови.

Грантови за помош на бизнис секторот да се доделуваат на социјално и еколошки одговорни компании што инвестираат во зелени технологии и отворање зелени работни места.

Во иднина не смее да се отвораат нови рудници за експлоатација на јаглен и металични суровини. Да не се доделуваат концесии за изградба на мали хидроелектрични централи во заштитени подрачја и на реки коишто се притоки на вештачките хидроакумулации што се користат за водоснабдување, наводнување, производство на електрична енергија, спорт и рекреација.

ДОМ се залага за имплементирање на Зеленото сценарио на Стратегијата за енергетика, како и отстранување на употребата на јагленот за производство на електрична енергија до 2025 година.

  • Да се обезбеди најмалку 40% учество на обновливи извори на енергија од сонцето и ветерот до 2040 година
  • Да се субвенционира производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија во домаќинствата
  • Да се поттикне формирање енергетски кооперативи
  • Да се субвенционираат индивидуалните земјоделски производители и земјоделски стопанства за користење обновливи извори енергија во производството

Зелениот пост-корона план предвидува инвестирање во:

  • енергетска ефикасност на зградите, индустриските процеси и транспортот
  • зелени паметни градови што имаат еколошки и ефикасен јавен транспорт, велосипедски патеки и слободни пешачки зони
  • зелена инфраструктура формирана од паркови и зелени коридори долж реките и булеварите, најмалку 25м2 зеленило по глава на жител
  • железничката мрежа и електрификација на транспортот
  • дигитализација, истражувања и иновации
  • одржлив и алтернативен екотуризам, со цел зголемување на приходите на локалното население
  • локалното органско производство на храна
  • проекти за реализирање на препораките на УНЕСКО за Охридскиот регион да го зачува статусот на светско природно и културно наследство

Зелениот план предвидува:

  • Препрогласување на Националниот парк Маврово, Споменикот на природата Матка и парк-шумата Водно
  • Ревалоризирање и заштита на Споменикот на природата Охридско Езеро
  • Да се прогласи Шар Планина за Национален парк, а Осоговските Планини за Заштитени предели
  • Да се изградат сите регионални санитарни депонии и да се санираат сите диви депонии до 2027 година
  • Да се санираат сите “жешки еколошки точки” со историско загадување до 2030 година

                              

За ефикасна борба против загадувањето на воздухот, водата и почвата, Зелениот план предвидува:

  • Ригорозно да се казнуваат субјектите што ги прекршуваат одредбите од интегрираните еколошки дозволи и елаборатите за заштита на животната средина
  • Да се изврши ревизија на А и Б интегрираните еколошки дозволи и еколошките елаборати
  • Да се зголеми ефикасноста на инспекцискиот надзор и да се координираат активностите на инспекциските служби на национално и локално ниво.
  • Да се подобри пристапот до правда во животната средина и да се санционира еколошкиот криминал

ДОМ: Позитивна кампања за зелена иднина

Зелената партија ДОМ на овие парламентарни избори е дел од коалицијата „Можеме“ . Покрај учеството во заедничката коалициска кампања, ДОМ продолжува со својот пристап да води и самостојна позитивна кампања на социјалните медиуми со слоганот „Иднината е зелена!“.

viralno video slika

Повеќе...

ДОМ: Да продолжи отстранувањето на дивоградбите покрај Охридското Езеро

Зелената партија ДОМ ја поздравува решителната акција на Општина Охрид за отстранување на бесправните објекти на плажите за кои се истечени концесиите. Секојдневно сме сведоци на  ослободување на крајбрежјето од бетонски и челични градби што го нарушуваа пределот и правеа штета на природните вредности и биолошката разновидност.DOM_ZNAME.jpg

Повеќе...

Протокол за заштита од коронавирусот за време на предизборната кампања и изборниот ден

Во изминатите неколку месеци светот се соочува со до сега во мирнодопски услови невидени закани по здравјето и благосостојбата на луѓето предизвикани од коронавирусот. Здравствените експерти укажуваат дека корона пандемијата ќе продолжи да претставува сериозна опасност и во следниот период, се додека не се пронајде вакцина против вирусот. Оттука, неминовно е прифаќањето на новата реалност и фактот дека ќе мораме да се научиме да живееме заедно со вирусот, штитејќи го своето и здравјето на другите луѓе преку почитување на мерките за заштита: одржување дистанца од 2 метра, носење заштитна маска на лицето и често миење на рацете.

За Зелената партија ДОМ здравјето на граѓаните е највисок приоритет. Затоа инсистираме на строго почитување на заштитните мерки. Од тие причини ДОМ уште во март ги затвори сите општински канцеларии, а активностите од доменот на Централната канцеларија се изведуваа од дома. Сите партиски состаноци, конференции и обуки се одвиваа онлајн.

Во контекст на претстојните парламентарни избори закажани на 15 јули, инсистираме на целосно почитување на препораките и мерките од Министерството за здравство и СЗО и следниот

                                                  Протокол за заштита од коронавирусот

 

  1. Останува во функција единствено Централната канцеларија на ДОМ во Скопје, а општински канцеларии или штабови нема да се отвораат.
  2. Да продолжи воспоставената пракса за одржување онлајн состаноци.
  3. Во случај на неопходни средби во канцеларијата, да не присуствуваат повеќе од 10 луѓе.
  4. Во секоја просторија на канцеларијата постојано да има заштитни маски и средства за дезинфекција на рацете.
  5. Секое лице присутно во канцеларијата задолжително да носи заштитна маска.
  6. При евентуални состаноци, растојанието меѓу присутните да биде најмалку 2 метра, со задолжително носење маска на лицето.
  7. Да се врши дезинфекција на работните површини пред и по секој состанок.
  8. Постојано да се проветрува просторијата.
  9. Да не се користат клима уредите.
  10. За време на средбите со граѓани на отворено, да се држи дистанца и задолжително да се носи маска на лицето.
  11. При средбите, активистите од ДОМ задолжително да носат со себе повеќе маски, во случај ако соговорникот нема маска, да му биде веднаш обезбедена.
  12. Активистите од ДОМ да присуствуваат на средби во затворени простори само доколку има услови за одржување дистанца, со задолжителна маска на лицето и да нема присутни повеќе од 30 лица.
  13. Активистите на ДОМ да присуствуваат на средби на отворено само доколку има услови за одржување дистанца, со задолжителна маска на лицето и да нема присутни повеќе од 50 лица.
  14. Доколку се поканети на средба на која се присутни повеќе од 30, односно 50 лица, активистите од ДОМ да реагираат кај организаторот и да ја напуштат средбата.
  15. При патување да нема повеќе од 2 лица во еден автомобил и да носат заштитна маска на лицето.
  16. На денот на изборите строго да се почитуваат препораките од здравствените власти и ДИК.

ДОМ: Дали е поднесена жалба за Иловица?

Зелената партија ДОМ го прашува Министерството за економија дали е поднесена жалба на пресудата на Управниот суд за рудникот Иловица. Има повеќе од доволно аргументи за оспорување на пресудата, за потоа да се потврди одлуката на Владата за одземање на концесијата.

дом-1368763.jpg

Повеќе...

ДОМ: Итна жалба на пресудата за Иловица!

Зелената партија ДОМ ги повикува Министерството за економија и Државниот правобранител, во рок од 15 дена по завршувањето на вонредната состојба, да поднесат аргументирана жалба на пресудата на Управниот суд за рудникот Иловица. Има повеќе од доволно аргументи за оспорување на пресудата, за потоа да се потврди одлуката на Владата за одземање на концесијата.

DOM ZNAME

Повеќе...

ДОМ на Совет на Европските зелени: Транзиција од јаглен кон сончева енергија во енергетиката

Од 10 до 13 јуни се одржува 31 Совет на Европските зелени. Глобалната корона пандемија, оневозможи ДОМ да биде домаќин на Европските зелени, во Скопје и затоа за прв пат, Советот се одржува онлајн. Денес на сесијата на Балканската зелена мрежа се одржа панел дискусија на тема: “Климатска акција во балканските земји”.

 European Greens DOM ZNAME

Повеќе...

ДОМ: Обвинителството да ја преиспита одлуката за градоначалникот на Сарај

Зелената партија ДОМ е длабоко разочарана од одлуката на Јавното обвинителство да не ја прифати иницијативата на Антикорупциската комисија за испитување на законитоста на работата на градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети. Даваме целосна поддршка на ставот на Антикорупциската комисија за преиспитување на одлуката на Обвинителството и контрола од повисоките инстанци.

DOM ZNAME

Повеќе...

ДОМ: Со Уредба на Владата ќе се отстрануваат дивоградбите на плажите во Охридскиот регион

Зелената партија ДОМ го поздравува донесувањето на Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба. Со примената на оваа Уредба, ќе се овозможи отстранување на дивоградбите и враќање во првобитна состојба на 25 плажи долж Охридското Езеро.

DOM ZNAME

Повеќе...

ДОМ: 5 јуни – Меѓународен ден на животната средина

Оваа година, меѓународниот ден на животната средина – 5 јуни, се одбележува со слоганот – „Време е за природата“ и не повикува сите нас жители на планетата Земја да покажеме поголема грижа за екологијата и за заштитата на животинскиот и растителниот свет.

102332595 3121682577879160 9088628682167156736 n

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета