Зелената партија ДОМ на сите македонски граѓани им го честита 2 Август, Денот на Илинденското востание и Денот на првото заседание на АСНОМ. Два значајни настани од нашата историја врз кои и денес се потпира нашата национална свест, самобитност и нашиот национален идентитет. Овој датум е наш светилник кој постојано ни го обележува патот на нашето опстојување, ни дава надеж и не поттикнува на чекорење кон подобро утре.

116551899 320568969128113 7485859864971333751 o

Современици сме на исполнување на сонот и идеалите на нашите предци за градење европска држава со вредности кои треба да ги негуваат и унапредуваат идните генерации. Само обединети и цврсто сплотени можеме да постигнеме сеопшт прогрес на македонската држава и просперитет на сите граѓани, особено во време кога пред нас и пред светот се исправени сериозни здравствени и економски предизвици и искушенија, со кои треба успешно да се справуваме.

НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ ИЛИНДЕН!