MODOM vo Belorusija

Христина Стојменовска беше преставник на МОДОМ на Летниот камп 2012 на ЦДН во Белорусија на тема "Зелени перспективи на европските вредности: Мисија, визија и теми". Покрај преставникот на МОДОМ на овој настан учествуваа 60 млади активисти од 24 земји.

Учесниците беа од различни делови на Европа, од различни региони и со различно искуство на темата, дискутираа на теми за европските вредности, европскиот идентитет, за тоа што Европа ним им значи и за зелените перспективи во европската политика, а низ дискусиите се откриваа различностите и сличностите во одделни региони, со посебен акцент на политичките и општествени прилики во земјата домаќин, Белорусија.


Дебатите и работилниците го поттикнуваа кај учесниците „зелениот начин на мислење“ за демократијата, еднаквоста, социалната правда, слободата на изразување, родот, зелената економија. Се споделуваа добрите практики и се бараа решенија за проблемите во нашето општество преку поттик на активизмот и младинското учество. Сите учесници се сложија дека меѓународното поврзување е многу корисен метод и добар начин да се сподели и стекне искуство и знаење