MODOM vo Albanija

МОДОМ од 20-ти до 25-ти Јануари 2012 беше учесник на првиот регионален состанок на младите Зелени партии и невладини организации од Југоисточна Европа во Албанија, кој се одржа со подршка од Мрежата за развој и соработка во Источна Европа (CDNEE) и Федерацијата на младите европски Зелени (FYEG). Учесници од МОДОМ беа Симона Сарделиќ и Марија Михајловска, а покрај нив имаше уште 28 млади луѓе од регионов и еден од Канада. Покрај Македонија, преку своите, млади активисти беа преставени и Србија, Хрватска, Романија, Турција и секако домаќинот Албанија.

Тема на состанокот беше „Одржливата младинска енергија“ односно енергетската политика во Источна Европа, но и на европско ниво, за нуклеарната енергија и за младинскиот активизам, се со цел да се формулираат заедничките балкански ставови на младите Зелени по овие прашања.

Причина за состанокот беа проблемите во енергетскиот сектор на Балканот и во Европа. Се зборуваше за тоа, како да се постигне поголема енергетска ефикасност, за обновливите извори на енергија, заштитата на природата и демократските процеси на носење на одлуки и се споделија информации за енергетските ресурси и нивната искористеност во Албанија, а и во цела Европа.

Учесниците разменија мислење за силните страни, слабостите, можностите и надворешните опасности, кои влијаат на работата на младиснките организации. Во вечерните активности имаше „Изложба на организации“ за време на која сите учесници ги преставија целите и активностите на сопствената организација, интеркултурна вечер, каде се преставуваа земјите учеснички и вечер, во која земјата домаќин ја престави својата кујна, традиција, обичаи и својата историја.

Во рамките на состанокот албанските млади Зелени со подршка на ЦДН и ФИЕГ организираа и улична акција во Тирана: Младинската енергија - поттик за европска соработка. Оваа акција требаше да биде поттик за многу млади луѓе да се придружат на Зеленото движење и на идните заеднички акции.

Заклучокот од регионалниот состанок беше, дека мора да и дојде крај на нуклеарната енергија и да се премине на искористување на обновливите видови на енергија. Зелената иднина е сепак единствениот пат.

Учесниците пак се стекнаа со нови знаења, стекнаа нови искуства и научија нови методи на работа. Ова беше можност да се унапредат и сопствените комуникациски и преговарачки вештини. За време на интеркултурните вечери имаше можност, учесниците да се запознаат со други култури и да остварат нови контакти и соработки.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета