MODOM vo KP

Денеска во Крива ПаланкаМОДОМ одржи обука за кампања како дел од припремите за избори. На оваа обука земаат учество над 80 учесници од Младинската на ДОМ во Крива Паланка, но и од околните општински младински организации на ДОМ.

Младите активисти на МОДОМ го споделуваат своето искуство во промовирањето на зелените идеи на локално и регионално ниво, зборувајќи за зелените вредности, Работиме на креирање на кампања базирана врз добро смислена стратегија и темелна анализа на реалноста.

Се креираа стратегии и активности за решавење на проблемите меѓу кои беа и одржлива животна средина,  екотуризам, екоенергија и производство на здрава храна..

Заклучокот е дека Младите се движечка сила на општеството и главен промотор на Зелената идеологија- изјави Никола Величковски, Претседател на МОДОМ (Младинска организација на ДОМ) – Крива Паланка

Како „млади на ДОМ“ нудиме реални зелени работни места за Крива Паланка преку 2 меркиеко-туризам и производство на здрава храна.

1.Ние, младите на ДОМ сметаме дека производството на здрава храна е извонредна прилика за Крива Паланка која располага со можности за македонско органско производство и автентична автохтона храна. Ова е најдобар начин да се подобри сопственото здравје, да се даде придонес на производителите и да се промовира македонската култура на исхрана. Секако ова е најдобар начин да се каже и едно серозно НЕ на генетски модифицираните организми.

2. Второ потенцијал за голем број работни места во туризмот. Крива Паланка и нејзината привлечност како туристичка дестинација е во убавата природа и чувството на спокој и на интимност. Оттука се гради и профилот на потенцијалните гости, кои не се љубители на метеж. Големи бетонски објекти би го загушиле просторот и би го уништиле впечатокот. Може да учиме од Австрија и од Швајцарија, кои наместо море, имаат езера и планини, а се велесили во туризмот.
Има можности да се ангажираат цели семејства и даобезбедуваат одржлив економски развој на целата територија на општина Крива Паланка.Затоа ги поддржуваме најавите за изградба на планинарски патеки на територијата на Крива Паланка чии иницијатор е ДОМ - изјави Блаже Јосифовски – Потпретседател на МОДОМ (Младинска организација на ДОМ).

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета