Baze

По повод Светскиот ден за образование за заштита на животната средина, 26јануари, Младите на ДОМ бараат Бирото за развој на образованието (БРО) да го воведе предметот екологија во образовниот процес, и во основното и во средното.

Ние, како организација со зелена политичка платформа сме убедени дека младите луѓе имаат потреба да се стекнат со знаење, вештини и воспитни идеи за заштита на животната средина, тоа значи развивање на чувство и свест за одговорност кон природата. Досегашното изучување на екологијата во рамките на други предмети и изучувањево облик на проектната активност, не го даваат посакуваниот ефект. Пред се', на наставничкиот кадар му недостасува обука и компетенции во областа екологија, но и проблемот со едукативниот материјал во кои заштита на животната средина не е доволно застапена.
          Да се учи за претприемништво и бизнис, а да не се учи за екологија, претставува создавање на некомплетен образовен процес на младите личности. Личната материјалната корист не смее да се создава на штета на природата, бидејќи без здрава животна средина не може да постои економија.
          МОДОМ (Младинска организација на Демократска обнова на Македонија) ќе продолжи да спроведува неформално образование за заштитата на животната средина преку семинари, обуки, дебати и најавуваме летна Академија со главна тема екологија.

Со почит,
Сектор за односи со јавност на ДОМ