Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 101/2019), член 1 и 9 од Упатството за начинот на спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Бр. 01-158/1 од 04.03.2020г.) и [назив на некој внатрешен акр врз онова на кој се донесува овој акт], политичката партија [назив на политичката партија] ја подготви и објавува:

Информации од јавен карактер

  1. Информации кои се однесуваат на дејствувањето на политичката партија, а се утврдени со законите во Република Северна Македонија и актите на политичката партија (на пр. Статут на политичката партија и др.);
  2. Основни податоци за контакт со политичката партија и тоа: назив, адреса, телефонски број, број на факс, е-мејл адреса и адресата на интернет страницата; 
  3. Податоци за претседателот на партијата (биографија) и основни податоци за органите на партијата;
  4. Основни податоци за контакт со службеното лице за посредување со информации во политичката партија и тоа: име и презиме, е-мејл адреса и телефонски број;
  5. Список на лица вработени во политичката партија со позиција, службен е-мејл и службен телефон;
  6. Законите со кои се уредува начинот, условите и постапката за основање, регистрирање и престанок на политичките партии; со кои се уредува начинот и постапката на обезбедување на финансиските средства, располагањето со средствата за тековната работа и дејствувањето на политичката партија, како и начинот на контрола на финансирањето и финансиско-материјалното работење на политичките партии; со кои се уредува начинот на формирањето, организацијата, функционирањето и финансирањето на партиските истражувачко-аналитички центри при политичките партии (Закон за политички партии, Закон за финансирање на политичките партии, Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер);
  7. Информации кои се однесуваат на приходите од Буџетот на Република Северна Македонија (чл.9 и чл.10 од Закон за финансирање на политичките партии);
  8. Информации кои се однесуваат на приходите од членарината;
  9. Информации кои се однесуваат на Регистарот на донации, односно Извештај за добиените донации;
  10. Годишен финансиски извештај (за претходната година, кој се доставува до ДЗР, УЈП согласно чл.27 од Закон за финансирање на политичките партии);
  11. Информации кои се однесуваат на приходите од продажба на промотивен и пропаганден материјал;
  12. Информации кои се однесуваат на сопствените приходи на политичката партија, на пр. од закупнина на движен и недвижен имот на партијата, камата на депозит депониран во банка, приходи од печатени или други изданија, и др.;
  13. Информации кои се однесуваат на приходите од кредит/и, односно финансиски извештај за материјално-финансиско работење на партијата ако обезбедува средства од кредит (посебна жиро сметка);
  14. Информации кои се однесуваат на приходите добиени од Министерството за правда за финансирање на партиско истражувачко-аналитички центри (чл.10-а од Закон за финансирање на политичките партии), однонсо финансиски извештај за материјално-финансиско работење на партиско истражувачко-аналитички центар на партијата (посебна жиро сметка);
  15. Извештај со образец за примените донации на трансакциската сметка за првите 10 дена од изборна кампања;
  16. Извештај со образец за примените донации на трансакциската сметка за изборна кампања;
  17. Вкупен финансиски извештај со спецификација за трошоците за приходите и расходите во изборна кампања по одржани избори;
  18. Ревизорски извештај од извршената ревизија од страна на Државниот завод за ревизија на финансискиот извештај на политичката партија од изборна кампања по одржани избори;
  19. Годишен извештај за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а кој е доставен до Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер во тековната година за претходната година;
  20. Образец – барање за слободен пристап до информации од јавен карактер и образец за жалба;
  21. Информации кои се однесуваат на висината на надоместокот за материјалните трошоци за дадената информација, утврдени од страна на Владата на РСМ, а согласно член 28 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно Одлуката за утврдување надоместок за материјалните трошоци за дадената информација.