Моите цвеќарки

clen na co radojka

Колумна на Радојка Дракуловска Наумовска, член на ЦО на ДОМ

Како што и рекол Жил Мишеле: Мажите ја зедоа Бастилја, жените го земаа кралот! „ Les hommes ont pris la Bastille, et les femmes ont pris le ro”

Француската револуција (1789-95) во европската историја предизвикала како политичка така и културна катаклизма. Феминизмот не се раѓа 1789.година, но појавата на револуцијата предизвикува ерупција на добро формулирани феминистички барања, кои се шират непрекинато низ цела Европа. 

Првите пет години од Француската револуција обезбедиле исклучтелна историска лабараторија за проучување на европската родова политика.

Уште од одамнина познати се заложбите на жените во револуциите. Најголеми историски достигнувања и признанија се забележуваат токму во француската револуција. Потикнувањето за револуцијата за еднаквост имало најголемо влијани од жените. Иако, истите биле искористени за преку разни ветувања за добивање право на глас не се откажале од своите убедувања. Здружението на жени познато како продавачки на цвеќе или, како што ја милувам цвеќарки револуционерки, кои со своето право на движење и не предизвикување на сомнеж, биле најуспешните организатори на здружувањата и пренсувањата на пораките. Иако не им било исполнето ветеното не се откажале од своите замисли. Барале повторно воспоставување на здружението, повикувајќи на тоа дека поимот на индивидуална слобода треба да се доведе на исто со троговијата на робовите, они инсистирале на тоа дека таква “ неодредена слобода” ја уништила рамнотежата помеѓу добро уредениот пазар и нивните лични способности да ги одгледуваат своите деца. Овие жени развиле цврст осет за својот идентитет, идентитет на трговки, покажувајќи го она што историчарката Тема Каплан (Temma Kaplan) го опишала како “женска свест”, тие исто така сватиле дека нивните проблеми може да се решат само со дејствовање на државата.  

Затоа жената, која и низ цела историја се борела со една цел за подобра иднина на своите најмили и себе си да не отстапуваме од женската сила и упорност. 

Да бидеме цвеќарките на нашето време, да допринесеме за стабилна иднина на  нашата  Македонија. Иднина   во   рамките   на   една   доволно   стабилна   заедница   со   силни   демократски институции и институции на граѓанското општество, во заедница во која би се чувствувале безбедно, би можеле да се отстранат стравовите и недовербата што се во основата на национализмот кој се создава кај нас. Во таква заедница не би постоел маѓепсан круг на закани и понижувања со кои едно национално движење, идеја, интерес ја индуцира појавата на друго.  Во   таква   заедница   не  би  постоеле  оние  gруги  наспроти  кои  првите  се  собираат  во интересна   заедница   заснована   на   припадност   на  нацијата  како   што   се   случува   во повеќе националните  заедници   во  кои не  постојат  механизми  на  силна  држава   и  граѓанско општество што ќе ги амортизираат националните стравови и страсти. Во таква заедница можна е, се разбира, идентификација, па и собирање на национална основа, но исто така постојат услови   таа   идентификација   да   биде   надвладеана   од   некоја   друга.   Во   таква   хипотетичка заедница би биле можни различни идентификации и здружувања на луѓе со исти или слични интереси, здружувања што би   ги  надминале  границите на   националните групи. Да работиме на здружувања кои ќе решат многу политички, но и културно-општествени проблеми.