ЕНЕРГЕТСКАТА  ЕФИКАСНОСТ НА ГРАДБИТЕ – ПРОГРАМСКИ ПРИОРИТЕТ НА ДОМ

clen na co anastasiјa traјkovska copy

Колумна на Анастасија Трајковска, советничка во општина Битола и член на ИО на ДОМ


Зелените програмски приоритети на ДОМ се особено насочени кон заштитата на  животната средина од каде произлегуваат и заложбите за  имплементирање на концептот за енергетска ефикасност на градбите. Во тој контекст на 28 седница  на Советот на Општина Битола, одржана на 27.06.23г., едногласно  е прифатена  иницијативата  на  советничката на ДОМ Анастасија Трајковска за дополнување  на програмата за уредување нна  градежното земјиште во Општина Битола.

Оваа иницијатива се однесува на измена на начинот на утврдување на висината на надоместок за уредувањето на градежното земјиште за инвеститорите кои ќе поднесат барање за: одобрение за градење, реконструкција, реконструкција  со пренамена, доградба или  надградба, адаптација, адаптација со пренамена, проект за измени во тек на градба кои со Елаборатот за Енергетска Ефикасност и приложената Потврда со која се потврдува дека минималните барања за енергетска ефикасност кои се содржани во  основниот  проект се во согласност  со минималните барања за енергетска ефикоасност (Согласно со Правилник за енергетски карактеристики на згради (Сл.в. на Р.М. 94/13), и Правилник за изменување на правилникот за енергетски карактеристики на згради (Сл.в. на Р.М. 7/15)), изработени од соодветни согласно закон, овластени стручни лица и лиценцирани правни субјекти ќе се покаже дека предвидената градба ќе биде во енергетска класа „А“, согласно важечката легислатива во  Р.Македонија.

Имено се предлага вкупната утврдена висина на надоместокот за уредување на градежното земјиште за овие објекти да се намали за 10%.  За веродостојноста на вградените материјали, пред впишување на објектот во катастар на недвижности, овластениот надзор треба да достави изјвава заверена на нотар. Во спротивно инвеститорот треба да ги доплати 10% кои се намалени во првичната пресметка.

Цел на оваа иницијатива е да се стимулира енергетски ефикасна  градба на подрачјето  на Општина  Битола, со што ќе се придонесе за поефикасна заштита на животната средина.

energy eff
3D renderin of a house under construction on top of blueprints, mortgage forms and a energy efficiency chart

Зошто ни се потребни енергетско ефикасни згради?

Имајќи во предвид дека повеќе од 40% од вкупната потрошувачка на енергија на планетата земја отпага на потребите на зградите, потребно е да се анализираат факорите кои влијаат на потрошувачката на енергија, како и да се превземат мерки за енергетска ефикасност на новите и постоечките згради.

Енергетската ефикасност кај зградите подразбира широк опсег на дејствија на кои крајна цел им е намалување на потрошувачката на сите видови на енергија во разгледуваниот објект, што ќе резултира и со намалување на емисијата на CO2, и сето тоа со непроменет топлински, светлосен и друг  комфор на корисниците на просторот. Сите дејствија кои ќе се превземат во контекст на зголемување на енергетската ефикасност носат повекекратен бенифитː

  • економска добивка преку намалување на потребите и потрошувачката на енергија;
  • покомфорно и поквалитетно користење на просторот;
  • зголемување на векот на траење на зградата,
  • заштита на околината, намалување на емисијата на штетни гасови и смалување на глобалните климатски промени.

Најголем дел од околу 50-60% од вкупните енергетски потреби на зградите се наменети за задоволување на термалниот комфор, односно за соодветно греење и ладење на просторот, а остатокот од енергетските потреби е наменет за топла вода, расвета и уреди кој за својата работа користат енергија.

Старите објекти кои се третирани без термоизолација имата годишни енергетски потреби  за греењеод околу 200-280 KWh/m2, а стандардно изолираните згради нешто под 100 KWh/m2.

Согласно нашите програмски приоритети, она кон што сто се стремиме, е создавање на услови  за креирање на згради со максимално намалена потребна  потрошувачка на енергија за  греење на годишно ниво и тоа:

  • ниско  енергетски куќи – 40 kwh/m2
  • Пасивни куќи-15 kwh/m2
  • Куќи со нулта енергија – кои сами ја произведуваат потребната примарна енергија и тоа со обновливи извори на енергија
  • Куќи со нулта емисија на штетни зрачења

Што треба да се превземе за креирање на енергетско ефикасни згради

Со цел да се постигнат базичните тенденции на зголемувањето на енергетската ефикасност на зградите потребно е да се превземат следните основни меркиː

  • Да се имплементира постоечката легислатива која го тангира подрачјето на топлинската заштита, заштедата на енергијата као и примената на обновливи извори на енергија;
  • Да се обрни внимание на сите урбанистички и архитектонски фактори кои влијаат на енергетските карактеристики на објектите и да се искористат нивните позитивни влијаниа, а негативните да се намалат;
  • Да се предвидат соодветни термоизолациони материјали и кај новите и кај постоечките згради;
  • Да се зголеми учинокот на системот за греење, ладење и вентилација кај постоечките градби, а кај новите градби да се предвиди систем со најдобар учинок; Сето тоа со разгледување на можноста за користење на сопствени обновливи извори на енергија.
  • Да се предвиди зголемување на ефикасноста на системот за осветлување.

Како мерката предложенна со оваа иницијатива ќе помогне за стимулира eнергетски eфикасна градба

Основна цел на мерките кои се превземаат за зголемување на енергетската ефикасност на зградите еː

  • Намалување (минмизирање) на топлинските загуби;
  • Намалување (минимизирање) на вкупните енергетски потреби на објектот.

Тенденцијата за намалување на топлинските загуби и вкупните енергетски  потреби на  објектот за инвеститорите значи зголемување на финансиите потребни за градба на енергетски ефикасни згради.

Сумата од 10% намалениот надомест за уредување на градежно земјиште ќе биде солидно олеснување за инвеститорите за  набавка и вградување на енергетско ефикасни материјали  со  што ќе се придонесе за подобрување на еннергетската класа  на  објектот.

Предложената иницијатива  првично  ќе се одннесува на објекти со намена А1-стамбени куќи, со тенденција да се применува и на објекти со намена А2-стамбени зграти а потоа и за останатите објекти од високоградба.

Во  моменнто во  Општина Битола се изработува правилник за дефиннирање на условите за  намалување на надоместокот  за уредвање на градежното земјиште за објекти со намена А1  во вредност  од 10%.