за одржување на Петтиот конгрес на ДОМ на 27.11.2022 година
ДОМ го објавува овој јавен оглас врз основа на чл.31 став 3 од Статутот на ДОМ, и одлуката на Централниот одбор на ДОМ од 16.10.2022 година, според која Петтиот конгрес на ДОМ треба да се одржи на 27.11.2022 година.
ДОМ ги повикува членовите на ДОМ да се пријават до општинските организации во нивните места на живеење, за изразување интерес за кандидирање за членови во органите и телата на ДОМ што ќе бидат избрани на Конгресот.
Од заинтересираните кандидатки и кандидати се очекува да ги исполнат следниве критериуми:
– да ги споделуваат зелените вредности;
– да ги прифаќаат програмските определби на ДОМ;
– да ги почитуваат одредбите од Статутот на ДОМ и Зелениот кодекс на однесување на ДОМ;
– да бидат личности со интегритет, почитувани во својата средина;
– да имаат активен придонес за развој на зелената идеја преку ДОМ;
– да поседуваат стручност и разбирање на политичките процеси.
При конечниот избор ќе се води сметка за родовиот баланс и за застапеноста на различни возрасни групи, со акцент на младите.
Заинтересираните кандидатки и кандидати може да се пријават во своите општински организации најдоцна до 16.11.2022 година.
Контакт телефон и мејл за подетални информации:
076 311 601, dommakedonija@yahoo.com
Демократска обнова на Македонија – ДОМ