Денешната “драматична” седница за советнички прашања ја завршив со едно важно прашање кое сериозно ги засега граѓаните и нивното здравје. Дали отпадот од депонијата на грандиозно најавуваниот “мега” парк во Ѓорче Петров е само потрупан под земја? Колку почвата е контаминирана и дали воопшто е безбедна по здравјето на луѓето? Дали Секорот за животна средина и испекторатот имаат излезено на терен да направат испитувања и контроли? Овој парк може да биде сериозна темпирана еколошка бомба која може да го загрози здравјето на најмалите, но и на сите корисници на истиот.
Да за нови паркови и зеленило низ целиот град
Не за неправилно менаџирање на отпад, загадување на почвата, воздухот и воопшто животната средина.Одговорот како и секогаш го чекаме “на писмено”.