Заменик-министерката Оџаклиеска, на тема „Отпад, регулација на отпад, состојби и решенија“

Регионалните центри за управување со отпад треба да го решат проблемот со создавањето на диви депонии. Погрешна е перцепцијата дека регионалните депонии ќе наликуваат на дивите депонии што ги имаме насекаде околу нас. Воспоставувањето на регионалниот систем за отпад не треба да зависи од волјата на еден човек или една личност, затоа што станува збор за национална стратегија која треба да се спроведе во интерес на граѓаните. Паралелно со изградбата на регионалните центри, треба да се стимулира циркуларната економија и искористувањето на отпадот како ресурс. Граѓанските здруженија кои работат на зелените теми и заштита на животната средина помагаат и даваат силна поддршка во креирањето на зелените политики