Заменик-министерката Христина Оџаклиеска, на панел дискусија на Зелен ЦИВИЛ

Поединечните иницијативи за собирање на отпад заслужуваат поддршка и треба да ги има. Но, големата количина на отпад собрана во тие акции покажува дека не посои систем за уредно одстранување на отпадот или истиот не функционира на локално ниво. Локациите на кои имало диви депонии треба да се уредат и да добијат нова намена во просторот, за да не прераснат повторно во диви депонии. Отпочнува изработка на Стратегија за управување со отпадот, донесен е План за управување на отпадот на национално ниво и донесени се регионални планови за управување со отпад. Во општините треба да има кадар кој посветено ќе работи на спроведување на зелените политики, стратегии и планови што ги креираме и законите што ги носиме