Морачанин: Забрана за тешка индустрија на растојание помало од 5км од населено место

Во новиот закон за животна средина ќе има забрана за тешка загадувачка индустрија на растојание помало од пет километри од населено место. Маја Морачанин за Канал 5 објаснува за новите измени во законот за животна средина.

“Со усвоеното дополнување на Законот за животна средина се забранува изградба на капацитети од тешка загадувачка Г1 индустрија на растојание помало од 5км од населено место или заштитено подрачје”