Лидерката на ДОМ и пратеничка Maja Морачанин – Комисија за транспорт, врски и екологија

Лидерката на ДОМ и пратеничка Маја Морачанин на Комисија за транспорт, врски и екологија, предложи точката која се однесува на Предлог-закон за регулирање на статус на бесправно изградени објекти да се тргне од дневен ред, што беше поддржано од страна на пратениците на сите политички партии Исто така, со консензус беше прифатено нејзиното повторно барање за надзорна расправа, Комисијата ќе започне со подготовките за Надзорна расправа над имплементирање на овој и други закони од областа на урбанистичко планирање и градење.