За важноста на пчелите во севкупниот живот на човекот и на планетата земја се зборува на сите страни. За нивната улога во заштита на биодиверзитетот многу научници се изјасниле и нам ни се чини дека на сите ни е јасно. Но очигледно дека е потребна едукација на сите нивоа и дека сериозноста на проблемот со изумирањето на пчелите не допира до голем број од популацијата.
Чувствувајки ја загриженоста околу предлог измените во Законот за пасишта , посебно член 23. пчеларите го дигнаа својот глас. Не потсетија на важноста за пчелите за севкупното општество и биодиверзитет.
1. Пчелите опрашуваат 80% од растенијата со 100% ефикасност
2. 1 пчелно семејство може да опраши 300 милиони цветови дневно
3. Пчелите овозможуваат да се зачуваат живеалиштата на останатите инсекти, птици и дивиот свет
4. Пчелите се главни “ виновници” за живописната околина и разнобојните цветни пејсажи
5. Се проценува дека опрашувачите, вклучувајќи ги медоносните пчели, бумбари и дивите пчели, придонесуваат најмалку 22 милијарди евра секоја година во европската земјоделска индустрија, односно 150 милијарди евра на глобално ниво.
6. Во САД се плаќа (на пчеларите) во просек 220 долари по пчелно семејство за опрашување на познатите калифорниски бадеми Потребни се околу две колонии на хектар за да се опрашат 1,2 милиони хектари бадеми. Тоа се околу 2,5 милиони пчелни колонии од целата земја.
7. Во Кина како последица на драстично намалување на пчелните семејства (пчелари) во природата, фармерите се принудени рачно да вршат опрашување на своите земјоделски култури – фармерите и нивните деца треба да се искачуваат на гранките вооружени со четки за индивидуално опрашување на секој цвет.
Предлагачот сигурно има причини за предложените измени, но ДОМ смета дека во овие тешки времиња каде климатските промени ни се закануваат со уништување на биодиверзитетот, потребно е да се стимулираат пчеларите со зголемување на пчелните семејства, а ние сите да мислиме повеќе за заштита на биодиверзитетот, производството на храна и заштита на животната средина. Со новите давачки само ќе се дестимулираат пчеларите , атоа ќе допринесе и за зголемување на цената на медот Со зголемување на цената постои ризик од стимулирање производство на фалсификуван мед.
ДОМ ќе ги поддржи пчеларите и ќе бара тие да бидат ослободени од предвидените давачки.