Под наслов НАСИСЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ ВО ПОЛИТИКАТА во организација на Женската Политичка Мрежа, UNDP и Собранието на Црна Гора, на 5-ти Март, 2021 г се одржа меѓународна онлајн конференција, на која свое учество имаа претставничките од Форумот на жени на ДОМ, Силвана Кржовска, претседателка на Форумот, Елисавета Марковиќ и Наде Пешева.
Насилството врз жените може да се препознае на различни нивоа од нашето живеење. Покрај препознатливите нивоа на семејно насилство, економско, ментално, физичко и сексуално насилство, се почесто се препознава и регистрира насилството врз жените во политиката.
Заклучоците кои произлегоа од дискусијата и споделените искуства на жените политичарки, учеснички на конференцијата, водат кон неминовната потреба за зголемување на свесноста и значењето од еднаквите можности, права но и обврски на жените политичарки во корист на прогресивното движење и подобрување на демкратските процеси во општествата.
Потребна е голема храброст, истрајност и интегритет да си во светот на политиката, особено ако си жена политичар, која покрај редовните активности, дополнитлно е изложена на стереотипи, сексизам и предрасуди кои само го отежнуваат патот до заслуженото место во општеството.