Зелената партија ДОМ, ја поздравува одлуката за прифаќање на Акцискиот четиригодишен план за заеднички регионален пазар како и декларација за Зелена агенда на Западен Балкан, донесени на неодамнешниот регионален лидерски Самит на Западен Балкан одржан на 10-ти Ноември 2020 во Софија.
Зелената агенда за Западе Балкан опфаќа климатска акција, примена на циркуларната економија, заштита на биодиверзитетот, одржлив систем за снабдување со храна и борба против загадувањето, на кои се темелат принципите на Евроскиот Зелен Договор (European Green Agreement) кои на иницјатива на злената партија ДОМ се дел од програмата на Владата на РСМ за 2020-2024 година.
Со акцискиот план и Зелената агенда опфатено е постепено исфрлање од употреба на јагленот, примена на обновливите извори на енергија, енергетска реконструкција за зградите и домовите, управувањето со отпадот и отпадните води, што се всушност програмските заложби на зелената партија ДОМ.
Иницјативата е дел од Економскиот инвестициски план за Западен Балкан кој треба да се спроведе преку искористување на фондовите на IPA 3.