ДОМ: Стратешко планирање за зелени политики

Викендов зелената партија ДОМ спроведе стратешко планирање за зелени политики со раководството на партијата и советниците. Настанот се одржа во Демир Капија, во организација на Зелениот институт и холандската фондација Биро де Хелинг. Заради заштита на здравјето, учесниците работеа на отворено, со почитување на соодветните протоколи.

Договорена e интензивна координација помеѓу претставниците на ДОМ во Парламентот, во локалните совети и во институциите на национално  и локално ниво. Приоритет во делувањето останува зазеленување на урбанизмот и борба против прекумерно градење што ги задушува градовите. Фокусот е на решителна борба и казнување на загадувачите на воздухот, водите и почвите. Се инсистира на современ начин на решавање на отпадот и грижа за заштитените подрачја. Се бараат сериозни средства од државниот и локалните буџети за премин од фосилни извори на енергија кон сонце и ветер, за сончеви панели на јавните објекти, како и за изработка на катастри на зеленило и катастри на загадувачи.