Зелената партија ДОМ ја поддржува иницијативата Општина Центар да распише конкурс за избор на архитектонско-урбанистичко решение за локацијата на фабриката “Треска”. ДОМ се придружува на заложбите на граѓанскиот сектор и на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Академијата на архитекти, Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Архитектонскиот факултет во Скопје и на бројни експерти.
Конкурсот ќе придонесе за заштита на јавниот интерес и обезбедување услови за хумано и квалитетно живеење, кои се нарушени од неодржливото зголемување на густината на изграденост. ДОМ апелира до Советот на Општина Центар да донесе одлука за распишување на конкурсот, како продолжение на добрите политики на урбан развој во оваа општина.