ДОМ: Итни мерки против аерозагадувањето, наместо само препораки!

Во услови на енормно аерозагадување, со концентрации на ПМ10 честички неколку пати над дозволеното ниво, предложените предупредувања и препораки од градот Скопје не се доволни. Зелената партија ДОМ бара веднаш да се спроведат следните итни мерки:

  1. Намалување за 50% на согорувачките процеси во индустриските капацитети
  2. Стопирање на сите градежни активности во градските средини
  3. Интензивни инспекциски контроли од страна на државниот и локалните инспекторати за животна средина
  4. Забрана за движење на тешки возила во градовите и ниво упатување на обиколници
  5. Забрана за движење на возила под Еуро 4 стандард во градскиот сообраќај
  6. Бесплатен градски превоз и зголемена фрекфенција на автобуси
  7. Редовно миење на улиците, собирање на сметот и одржување на јавната хигиената