Младинската организација на ДОМ – МОДОМ апелира до градоначалниците и советите на општините за важноста од формирањето на локалните младински совети. Во статутите на општините постои функционирањето на младински совети и за истото треба да бидат создадени потребни услови за работа.
Во моменти кога јавно се разговара за одливот на квалитетни млади кадри, кога се разговара за стратегија за задржување на младите во државата и младинските потреби, еден од начините за вклучување на младите во процесите на креирање на локални политики се локалните младински совети. Клучните предлози, замисли и желби за подобро функционирање на својата општина, проблемите со кои се соочуваат младите во своите општини и нивната можност за директна вклученост ќе бидат мотив и поттик на советите и градоначалници за поквалитетно работење.
МОДОМ инсистира на јавни и транспаренти повици за формирање на телата и координација на надлежните со младинските организации и заинтересирани поединци со цел квалитетен локален младински совет.