Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот и генерален секретар на ДОМ: Обуките на вработените во државните институции ќе се организираат во земјава

За зголемување на домашниот туризам обуките на вработените во државните институции ќе се организираат во земјава!

На иницијатива на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Владата на Република Северна Македонија ја усвои Информацијата со препорака за организирање на обуки од страна на државните институции во Република Северна Македонија. Со истата се препорачува на сите државни институции кои имаат фискални импликации во своите буџети за оваа намена, да ги организираат обуките во нашата земја.
Целта на препораката која потекнува од АППТ а со истата е засегнат туристичкиот сектор ќе допринесе за раст на домашните туристи и зајакнување на домашниот туризам.
Поради времетраењето на обуките за државни службеници се очекува индиректно да се зголеми бројот на ноќевања, остварени од домашните туристи. Македонија има што да понуди, хотелите во Берово, Маврово, Гевгелија, Крушево и остнати дестинации имаат капацитет за конференции, обуки, тим билдинг и семинари. На овој начин ќе се направи диверзификција и туризмот ќе може рамномерно да се развива, а да не биде концентриран во двата најголеми туристички региони. Покрај запознавање на својата земја и нејзините убавини со оваа мерка реално ќе се влијае во зајакнување на локалниот економски развој и зголемување на приходите од туризмот во БДП на Македонија.