Елизабета Сурлаџија, советник во Општина Прилеп – Зелени приоритети на советниците на ДОМ

Елизабета Сулраџија, советник во Општина Прилеп: Се залагав за поставување на мерна станица за загадување на воздухот и истата беше поставена во декември. Ќе се залагам да се направи попис на сите зелени површини и дрва во општината, како и чистење на коритото на градската река.

Како член на комисијата за финансирање и буџет се залагам да се одговори на сите барања од ранливите категории на граѓани За 2019 година покренав иницијатива за систем за наводнување на липите на булеварот кој што ќе се реконструира. Побарав засадување на нови липи и костени на местата на исушените во централното градско подрачје.