Ана Петровска, Државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање

Мојот тековен фокус е борбата за изградба на првата санитарна регионална депонија што треба да се гради во околината на Свети Николе. Ова е исклучително важен еколошки проект кој што ќе значи и развој и заштита на животната средина во Источниот и Североисточниот плански регион.

Истовремено, работам на подобрување на искористувањето на европските фондови се со цел да имаме поголема заштита на квалитетот на водите и подобри закони. Работам на формирањето на тимот што ќе биде ангажиран во преговорите за членство во Европската Унија како и на подобрување на квалитетот на водата на Дојранското Езеро.