МОДОМ: Да се дозволи пристап за домашните миленици во автобусите на ЈСП

По примерот на развиените земји од Европската Унија ќе предложиме до советот на Град Скопје да се разгледа можноста да се дозволи пристап за домашни миленици во автобусите на ЈСП. Потребата и бенефитите од истото се големи како за полесен и безбеден транспорт на милениците до саканата дестинација така и за сопствениците на истите.

Апелираме да се изготви нов правилник за транспорт на домашни миленици со сите преземени безбедносни мерки, за милениците, сопствениците и останатите патници, со кој би се доближиле до европските стандарди по однос на ова прашање. Ја поздравуваме одлуката на ЈСП за дозволен пристап на кучиња придружници со кои им се помага на одредена категорија граѓани за извршување на секојдневните обврски и активност.

Младинската органиација на ДОМ овој предлог ќе го достави преку советниците од ДОМ во советот на Град Скопје.