д-р Христина Оџаклиеска, советник во Општина Кисела Вода – Зелени приоритети на советниците на ДОМ

Изработка на Катастар на загадувачи, засадени дрвја на повеќе локации и неколку акции за намалување на бројот на дивите депонии во општината е резимето на 2018 година. Годинава на web страната на општината беше отворен Еко канал, за информирање на граѓаните за активностите на Општината за заштита на животната средина. За реално подобрување на состојбите во животната средина, потребни се повеќе иницијативи и многу повеќе финансиски средства.