Државниот секретар Ана Петровска на министерска конференција во Подгорица

Државниот секретар Ана Петровска на 20 септември престојуваше во Подгорица, како шеф на македонската делегација на министерската конференција насловена “Наследство за иднината”.

На конференцијата заседаваат високи претставници на Министерствата надлежни за животната средина од земји од Централна и Источна Европа, предводени од Министерот за одржлив развој и туризам на Црна Гора.

На конференцијата се разгледува Рамковен документ врз основа на кој Република Кина и земјите во регионот ке ја развиваат соработката и ќе обезбедуваат финансиски средства за реализација на приоритетни проекти.

Во блокот наменет за обраќања на високите претставници, Петровска ги поздрави присутните информирајќи за напорите на Министерството за животна средина и просторно планирање во насока на усогласување со стандардите за животна средина на ЕУ и подготвеноста за вклучување на Македонија во оваа иницијатива. 

Попладнето Петровска и Македонскиот амбасадор во Црна Гора Мухаило Трпковски имаа билатерална средба со Министерот за одржлив развој и туризам Павле Радуловиќ и неговите соработници.

На средбата се дискутираа можните области за соработка помеѓу Македонија и Црна Гора со цел поефикасно искористување на средствата што ке бидат достапни преку регионалната соработка со Република Кина.

извор: Министерство за животна средина и просторно планирање