ДОМ чистеше дива депонија во Кисела Вода

Денес на 15 Септември – Светскиот ден на чистење отпад, ДОМ се вклучи во кампањата за чистење во која учествуваше заедно со зелените партии од Европа.

Се чистеше дивата депонија зад маркетот Супер Тинекс во општина Кисела Вода.

Целта на акцијата беше да се подигне еколошката свест, да се купуваат што помалку пластични производи за еднократна употреба, отпадот да се селектира и рециклира и да се одложува исклучиво на местата одредени за таа намена.