Конференција: 4 сезони екотуризам во Охридскиот регион

Во рамките на активностите на Зелениот институт од Скопје и на ДОМ, како зелена партија коjа што, меѓу другото, сестрано се залага за заштита на животната средина, во Охрид на 10 јуни се организира конференција насловена: 4 сезони екотуризам во Охридскиот регион.


На оваа конференција ќе се дискутира за можностите во охридскиот регион постојано да има атрактивни настани и активности кои ќе ги привлечат домашните и туристите од регионот и пошироко. 
Акцентот ќе биде ставен на екотуризмот и неговиот развој, за сестраната понуда, од планинарење на Галичица и параглајдинг, историја, култура и традиција, па се до водено поврзување на речиси сите места покрај Охридското езеро. 
Очигледно е дека охридскиот регион има големи туристички потенцијали кои треба максимално да се искористуваат и да придонесат за економскиот развој, притоа водејќи грижа за животната околина.

Агенда

КОНФЕРЕНЦИЈА

4 СЕЗОНИ ЕКОТУРИЗАМ ВО ОХРИДСКИОТ РЕГИОН

10 јуни (недела), 2018 година, Хотел Милениум Палас – Охрид, 11:00 часот

Модератор на настанот: Maja Морачанин

11:00 – 12:00 ПАНЕЛ 1: Како да се обезбедат 4 сезони екотуризам?

Воведно обраќање:

Наташа Амдиу, претседател на Зелениот институт

Маја Морачанин, пратеничка и координатор на неформална парламентарна група “Пратеници-пријатели на УНЕСКО”

Перспективи за развој на екотуризмот во Охридскиот регион

Љупчо Јаневски, директор на Агенција за промоција и поддршка

на туризмот

Економски развој преку развивање на еко-туризмот и унапредување на

заштитените подрачја

Ана Петровска, државен секретар за животна средина во

Министерството за животна средина и просторно планирање

Алтернативни видови туризам

проф. д-р Науме Мариновски, Факултет за туризам и угостителство – Охрид

Креативноста и културата како фактори кои влијаат врз

развој на туризмот

Надa Пешева, Министерство за култура

Дискусија

12:00 – 12:15 Кафе пауза

12:15 – 13:30 ПАНЕЛ 2: Како да се надминат предизвиците за развој на

                 екотуризмот?        

Предизвици за развој на екотуризмот во Општина Охрид

Претставник од Општина Охрид

Заштита на животната средина како предуслов за развој на

екотуризмот

Христина Оџаклиеска, спец. заштита животна средина, Агенција за просторно планирање

Екотуристичка понуда во Охридскиот регион

Асим Меџедовиќ, директор на Фибула Травел

Поврзување на сите места покрај Охридското Езеро по воден пат

Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ

Охрид – целогодишна дестинација

Илина Арсова, ликовен уметник, планинар и промотор на активен и екотуризам

Дискусија