ДОМ: Ригорозни мерки против загадувањето

Македонските градови се и натаму потонати во смог и неопходни се ригорозни мерки против загадувањето. Потребни се интервентни набавки на : опрема за уништување на медицински и друг биолошки отпад  во Дрисла, пречистувачи на воздух, апсорбери на чад од оџаци на домаќинствата, филтри на  индустриски оџаци и слична опрема. Ова се неопходни и полезни инвестиции во здравјето.

Паралелно, треба да се преземат или засилат мерките , кои значат реорганизација во однесувањето на институциите, правните субјекти и граѓаните.

Финската студија за загадувањето на воздухот во скопскиот регион од 2016 година  покажа дека извори се : 32% загревањето на домаќинствата, 20%  сообраќајот, 19% градежништвото и 18% индустријата. Затоа од денес до крајот на февруари  да важат итните мерки:

  •      Пар- непар (за да биде поефикасен бесплатниот јавен превоз)
  •      Забрана за тешки товарни возила низ град
  •      Забрана за возила под Еуро 4 стандард
  •      Затворање на градилиштата
  •      Преполнување на производството или затварање на загадувачки погони
  •      Редовно собирање на отпадот
  •      Редовно миење на улиците
  •      Зголемени инспекциски контроли на општинските  и државните инспектори за животна средина

Уште зимово треба да се почне со среднорочните мерки:

  •     Пропишување листа на дозволени горива во домаќинствата и индустријата (со забрана за нееколошки пелети со лепила).
  •        Субвенции за печки на пелети, сончеви панели за топла вода, изолација на домовите
  •        Субвенции за вградување плински уреди во возилата што загадуваат
  •        Субвенции за хибридни и електрични возила
  •        Зголемување на возниот парк во јавниот превоз со електрични автобуси.