Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за минерални суровини, по скратена постапка

ПРЕДЛАГАЧИ: Група пратеници

Скопје, декември 2017 година

predlog zakon
ВОВЕД

I. ОЦЕНКА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ

Измената и дополната на Законот за минерални суровини се предлага заради долгорочна заштита на животната средина и здравјето на населението кое живее во близина на наоѓалишта на минерални суровини и рудници и за да се спречи примена на технологии што користат опасни супстанци. Со оглед на димензиите на нашата земја, како и на фактот дека еко-системот е една целина, опасноста им се заканува на сите граѓани на Република Македонија, но и на поширокиот регион, трансгранично.

Непосреден повод за предложениот закон се издадените концесии за површински копови за рудници за бакар и злато – Казандол во Валандово и Иловица во Босилово, кои во своите постапки користат сулфурна киселина, односно цијаниден раствор во огромни количества. Знаејќи ја опасноста по живиот свет од овие хемикалии, последниве две години се дигна бран протести низ целата земја, а се организираа и референдуми за стопирање на рудниците во шест општини.

Но потенцијална опасност постои од уште 80-ина веќе издадени концесии за геолошки истражувања, по чие завршување може да се очекуваат исто толку барања за добивање концесија за експлоатација на минерални суровини. Знаејќи дека истражувањата се однесуваат главно за сиромашни руди на злато, сребро и бакар, многу е веројатно да се претпостави дека сите тие ќе предложат најевтини и најопасни техники и технологии за нивна експлоатација. Тоа би значело дека околу 10.000 километри квадратни од нашата земја, која целата изнесува 25.000 километри квадратни, ќе се разори од површински копови кои целосно го менуваат изгледот на земјиштето и ги загадуваат водите, воздухот и почвата. Да потсетиме, најголем дел од населението во тој регион живее од земјоделие и туризам, кои би биле уништени за неколку стотици работни места во рудниците, за 2% профит за општините и 98% профит за концесионерите.

Предложениот закон содржи експлицитна забрана за експлоатација и преработка на минерални суровини со примена на цијаниди, сулфурна киселина и други опасни супстанции. За таа цел се дополнети членовите 36 и 81 од постојниот Закон за минерални суровини.

За да се спречи можна манипулација со податоци во текот на процесот на издавање концесија, се прави дополнување на членовите 42 и 45, со јасни податоци кои барателот на концесија мора да ги приложи во своето барање до Министерството за економија – за видот на постапката на експлоатација на минерални суровини и хемикалиите што ќе се применат, како и за депонираната финансиска гаранција во случај на штетни ефекти по животната средина. Истиве податоци треба да стојат и во одлуката за доделување концесија. Се предлага и продолжување на роковите за добивање одговор во врска со барањето за концесија од надлежните институции, како и од локалната самоуправа, и тоа од 15 дена на 60 дена. Сметаме дека со ова ќе се овозможи пристојно време за проучување на стручните лица и информирање на јавноста, што ќе придонесе за транспарентноста на целиот процес.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА

Со Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини ќе се заштити долгорочно животната средина и здравјето на населението кое живее во близина на наоѓалишта на минерални суровини и рудници и ќе се спречи примена на технологии што користат опасни супстанци.

III.ОЦЕНА НА ФИНАНСИСКИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ОД ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОНОТ ВРЗ БУЏЕТОТ И ДРУГИТЕ ЈАВНИ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА

Спроведувањето на овој закон нема да предизвика финансиски последици врз Буџетот на Република Македонија и другите јавни финансиски средства.

IV. ОЦЕНА НА ФИНАНСИСКИТЕ СРЕДСТВА ПОТРЕБНИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ, НАЧИНОТ НА НИВНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ, ПОДАТОЦИ ЗА ТОА ДАЛИ СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ПОВЛЕКУВА МАТЕРИЈАЛНИ ОБВРСКИ ЗА ОДДЕЛНИ СУБЈЕКТИ

За спроведување на овој закон не се потребни финансиски средства и истиот не повлекува материјални обврски за одделни субјекти.

V. СКРАТЕНА ПОСТАПКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОН

Согласно членот 170 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, се предлага Собранието на Република Македонија да расправа по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, во скратена постапка.

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ
Член 1

Во Законот за минерални суровини („Службен весник на Република Македонија” број 136/12, 25/13, 93/13, 44/14, 160/14, 129/15, 192/15, 39/16, 53/16, 120/16 и 189/16 ), во членот 3 точката 38 се брише.

Член 2

Во членот 36 по ставот (4) се додава нов став (5) кој гласи:

„(5) Концесија за експлоатација на минерални суровини не може да се додели за постапки во кои се употребуваат цијаниди, сулфурна киселина и други опасни супстанции.“

Член 3

Во членот 42 став (5), по алинејата пет се додаваат две нови алинеи шест и седум кои гласат:

  • „техничко-технолошки елаборат за постапката за експлоатација на минерални суровини со техниките и супстанциите што ќе се применат;
  • потврда за депонирана финансиска гаранција во случај на штетни ефекти по животната средина.“

Во ставот (11) зборовите: „во рок од 15 дена“ се заменуваат со зборовите: „во рок од 60 дена“.

Во ставот (15) зборовите: „во рок од 15 дена“ се заменуваат со зборовите: „во рок од 60 дена“.

Член 4

Во членот 45 став (2), по алинејата два се додаваат две нови алинеии три и четири кои гласат:

  • видот на постапката за експлоатација на минерални суровини со техниките и супстанциите што ќе се применат;
  • податоци за депонирана финансиска гаранција во случај на штетни ефекти по животната средина.
Член 5

Во членот 81 по ставот (1) се додава нов став (2) кој гласи:

„(2) Забранета е примена на цијаниди, сулфурна киселина и други опасни супстанции во текот на детални геолошки истражувања, експлоатација и преработка на минерални суровини, заради заштита на животната средина и здравјето на вработените и локалното население.“

Член 6

Во членот 95 ставот (5) се брише.

Член 7

Овој закон влегува во со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА ПРЕДЛОГ НА ЗАКОНОТ

I. ОБЈАСНУВАЊЕ НА СОДРЖИНАТА НА ОДРЕДБИТЕ НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ

Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини содржи 5 члена.

Членот 1 уредува бришење на терминот „цијанид одделив“ од членот 3, како израз употребуван во законот.

Членот 2 е дополнување на членот 36 кој се однесува на концесија за експлоатација на минерални суровини, со што експлицитно се забранува доделување концесија за постапки во кои се употребуваат цијаниди, сулфурна киселина и други опасни супстанции.

Членот 3 е дополнување на членот 42 со две нови точки во постапката за доделување концесија за експлоатација на минерални суровини, кога барателот мора кон барањето за добивање концесија да приложи и техничко-технолошки елаборат за постапката за експлоатација на минерални суровини со техниките и супстанциите што ќе се применат, како и потврда за депонирана финансиска гаранција во случај на штетни ефекти по животната средина.

Во истиот член со предложеното законско решение се интервенира во рокот од 15 дена за добивање одговор во врска со барањето за концесија од надлежните институции, како и од локалната самоуправа. Овој рок со ова законско решение се продолжува на 60 дена, за да може сите заинтересирани реално да се запознаат со условите во барањето и да изградат став.

Аналогно на горенаведеното се повлекува продолжување и на рокот во кој надлежниот министер треба да достави до Владата предлог за концесија за експлоатација.

Членот 4 е дополнување на членот 45 со две нови точки во одлуката за доделување концесија за експлоатација на минерални суровини, која мора да содржи и податоци за техниките и супстанциите што ќе се применат при експлоатацијата на минерални суровини, како и за депонираната финансиска гаранција во случај на штетни ефекти по животната средина.

Членот 5 е дополнување на членот 81, кој се однесува на заштитата на животната средина и содржи забрана за примена на цијаниди, сулфурна киселина и други опасни супстанции во текот на детални геолошки истражувања, експлоатација и преработка на минерални суровини.

Со членот 6, во членот 95 се брише ставот 5 кој во постојното законско решение ја уредува постапката во случај кога во рамките на инсталациите за отпад е инсталиран басен кој вклучува присуство на цијанид, како и концентрацијата на цијанид одвоив со слаба киселина, во моментот на испуштање на јаловината од местото на обработка во басенот.

Членот 7 е влегувањето во сила на законот.

II. МЕЃУСЕБНА ПОВРЗАНОСТ НА РЕШЕНИЈАТА СОДРЖАНИ ВО ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ОДРЕДБИ

Решенијата предложени во законското решение се меѓусебно поврзани и прават една правна целина.

III. ПОСЛЕДИЦИ ШТО ЌЕ ПРОИЗЛЕЗАТ ОД ПРЕДЛОЖЕНИТЕ РЕШЕНИЈА

Со предложениот закон ќе се обезбеди заштита на животната средина и здравјето на населението кое живее во близина на наоѓалишта на минерални суровини и рудници и ќе се спречи примена на технологии што користат опасни супстанци.

ТЕКСТ НА ОДРЕДБИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ КОИ СЕ ИЗМЕНУВААТ И ДОПОЛНУВААТ
Член 3

Дефиниции

Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење:

  1. Минерални суровини се сите органски и неоргански минерални материи кои се наоѓаат во цврста, течна или гасовита состојба;
  2. Рудни резерви се утврдени количини на одделна минерална материја од наоѓалиштето утврдени со елаборатот за извршените детални геолошки истражувања;
  3. Геолошки истражувања се збир на методи и техники со цел за добивање на информации со кои се дефинира геолошката градба на одреден простор од Земјата;
  4. Научни геолошки истражувања се геолошки истражувања кои се вршат со цел за добивање на нови научни достигнувања во различни области на геологијата;
  5. Проспекциски геолошки истражувања се геолошки истражувања кои се вршат за оценување на потенцијалноста за постоење и пронаоѓање на минерални суровини на поголем простор;
  6. Основните геолошки истражувања се геолошки истражувања кои се вршат со цел да се добијат основни податоци за геолошката градба на просторот на Земјата;
  7. Детални геолошки истражувања се геолошки истражувања со кои се добиваат целосни податоци и детално се утврдуваат рудните резерви на минералните суровини на определен простор на Земјата;
  8. Експлоатација на минералните суровини е активност на добивање, односно ослободување на минералните суровини од нивната природна состојба вклучувајќи ги подготвителните, придружните и последователните активности поврзани со добивањето на минералните суровини;
  9. Подземна експлоатација е активност на изведување на рударски работи на подготовка, разработка, отворање, откопување, транспорт, извоз и проветрување на подземните простории со придржување на мерките на безбедност и здравје при работа и мерките за заштита на животната средина;
  10. Површинска експлоатација е активност на изведба на рударски работи на подготовка, отворање, откопување, транспорт, одлагање, одводнување и рекултивација на површината на земјата со придржување на мерките на безбедност и здравје при работа и мерките за заштита на животната средина;
  11. Преработка на минерални суровини е одвојување на корисните од некорисните минерали или минерални видови содржани во минералната суровина (руда) и тоа во облик на концентрат, гранулат (класиран производ) или техноген цврст облик на соединение или елемент (сол, метал и слично), односно да претставува пазарен производ со одреден квалитет за натамошна употреба;
  12. Рекултивирање е процес на повторно враќање на земјиштето во корисна состојба, деградирано со геолошките истражувања или со експлоатацијата и преработката на минерални суровини;
  13. Постројка е збир на направи или инсталации поврзани во функционална целина, која служи за иста техничка цел;
  14. Рудник е ограничено подрачје на земјиште, на површината или под неа, каде што се експлоатира минерална суровина со употреба на машини, опрема, рудничка инфраструктура потребна за вршење на рударските работи и депонии (одлагалиштате и хидројаловиштате);
  15. Рударски објект е објект на површина или под земја на просторот за истражување, односно експлоатација, кој е наменет за истражување, експлоатација и преработка на минералните суровини и за вршење на други рударски работи;
  16. Рудничка инфраструктура се руднички објекти кои се потребни за истражувачките и работите сврзани со експлоатацијата на минералните суровини (пристапни патишта, електрични инсталации и уреди, објекти, згради за луѓе и опрема и слично);
  17. Одлагалиште е определено место во рамките на рудникот каде што се транспортира и депонира рудничката раскривка;
  18. Хидројаловиште е определено место во рамките на рудникот наменето за акумулирање на суспензија од ситни честици на јаловина, технолошка отпадна вода, техногени минерални суровини во строго определени и контролирани услови, кои настануваат во процесот на експлоатација на минерални суровини и преработка на минерални суровини;
  19. Подземни води се водите коишто се наоѓаат под површината на земјата во средините заситени со вода и се во директен контакт со површината или со потслоевите на земјата;
  20. Минерални води се води со степен на минерализација поголема од 0,5 грама на литар;
  21. Извор е природно истекување на подземна вода (обична или минерална) на површината на земјата;
  22. Режим на подземни води е процес на измена на квалитетот и квантитетот на подземните води (проток, ниво на подземните води, брзина, температура, вискозитет, хемиски, радиолошки, микробиолошки и гасен состав), под дејство на природните и антропогените фактори по време и простор;
  23. Термални и термоминерални води се подземни води кои се одликуваат со зголемена температура и минерализација, а која е поголема од 200C и минерализација;
  24. Простор за истражување е дел од просторот на земјата за геолошки истражувања, дефиниран со координати по површината, со неограничено простирање во длабочина ограничен со природни или вештачки линии и неограничен во длабочина;
  25. Експлоатационо поле е дел од просторот на кој е утврдено наоѓалиштето на минерални суровини, просторот неопходен за експлатација на минерални суровини и организација на рударските работи, изградба на рударски објекти и простор на кој се наоѓа и управува со отпадот од експлоатацијата, а кое на површината на земјата е ограничено со координатни точки меѓусебно поврзани со прави линии со неограничено простирање во длабочина;
  26. Загадување на животната средина е емисија на штетни материи во воздухот, водата или почвата, којашто може да биде штетна за квалитетот на животната средина, животот и здравјето на луѓето или емисија од којашто може да произлезе штета за имотот или која го нарушува или влијае врз биолошката и пределската разновидност и врз другите пропишани начини на користење на животната средина;
  27. Оператор е концесионер кој врши експлоатација на минералните суровини за период за кој му е доделена концесијата и кој управува со отпадот од експлоатација на минералните суровини;
  28. Одговороно лице е лице кое е одговорно за управување и изведување на рударските работи, како и работите непосредно сврзани со отпадот од експлоатација на минералната суровина;
  29. Значителна промена е промена во структурата на инсталацијата за отпад или работењето на инсталацијата за отпад која може да има значителни негативни влијанија по човековото здравје или животната средина;
  30. Оценување на влијанието врз животната средина е процена на можните влијанија на одредени проекти и планирани геолошки и рударски активности врз животната средина во подрачјето на експлоатација и преработка на минералните суровини;
  31. Отпад е секоја материја или предмет што создавачот или поседувачот ја/го отфрла, има намера да ја/го отфрли или од него се бара да ја/го отфрли;
  32. Опасен отпад е отпадот што содржи супстанции кои имаат едно или повеќе опасни својства, како што се: експлозивност, реактивност (оксиданси), запаливост, надразливост, токсичност, инфективност, канцерогеност, мутагеност, токсичност за репродукција, екотоксичност и својства на испуштање отровни гасови при контакт со вода, воздух или киселина, утврдени во согласност со овој закон или друг пропис, а притоа во листата на видовите отпад е наведен и посебно обележан како опасен отпад, вклучувајќи го и секој отпад што е измешан со опасен отпад;
  33. Инертен отпад е отпадот што е отпорен и не подлежи на никакви значителни физички, хемиски или биолошки трансформации, не се раствора, не согорува и не реагира на друг физички или хемиски начин, не се биоразградува, а отпадот и неговиот исцедок не влијаат на друга материја со којашто доаѓаат во допир, на начин на кој може да ја загрозат животната средина, животот и здравјето на луѓето;
  34. Незагадена почва е почва што е отстранета од горниот слој на земјата во текот на активностите на експлоатација и не се смета за загадена согласно со прописите за заштита на почвата;
  35. Третман на минерални суровини е механички, физички, биолошки, термален или хемиски процес или комбинација од процеси што се извршуваат со минералните суровини, во насока на експлоатација на минерали, вклучувајќи процеси на промена на големината, класификација, одделување и топење, како и повторна обработка на претходно фрлен отпад, но не вклучувајќи ги процесот на топење и термалнопроизводствените процеси (кои не претставуваат печење на варовник) и металуршките процеси;
  36. Јаловина е цврст отпад или кашеста маса што останува по процесот на преработка на минералните суровини (на пример дробење, мелење, сортирање по големина, флотација и друга физичко-хемиска техника) за отстранување на корисните од некорисните минерали или минерални видови;
  37. Таложно езеро е природен или изграден капацитет за складирање на ситнозрнестиот рударски отпад, обично флотациска јаловина, заедно со различни количини слободна вода, која произлегува од преработката на минералните суровини и од процесот на рециклирање на користената вода;
  38. Цијанид одделив со слаби киселини подразбира цијанид и состојки на цијанидот што се одделуваат со слаба киселина на одредена pH вредност;
  39. Исцедок значи секоја течност што се филтрира низ наталожен јаловински отпад и се испушта од инсталацијата за јаловинскиот отпад или е содржана во истиот, вклучувајќи загадено одводнување, а која може да има неповолно влијание врз животната средина, доколку се третира неправилно;
  40. Инсталација за јаловински отпад е простор наменет за акумулирање или депонирање на јаловинскиот отпад од минерални суровини, во цврста или течна состојба, или во раствор или комбинација на течна и цврста состојба во текот на следниве временски периоди:
  • нема временски период за инсталација за рударски јаловински отпад и за инсталациите за рударски јаловинскиот отпад што се карактеризирани како штетни во планот за управување,
  • период за повеќе од шест месеци за инсталации за неочекувано произведен рударски опасен јаловински отпад,
  • период за повеќе од една година за инсталации за рударски јаловински отпад што не е опасен ниту инертен и
  • период за повеќе од три години за инсталации за незагадена почва, неопасен јаловински отпад од истражните активности, јаловински отпад што произлегува од експлоатација и преработка и складирање на тресет и за инертен јаловински отпад.

За овој вид на инсталации се сметаат инсталациите што вклучуваат хидројаловиште или друга структура што служи за да содржи, задржи, ограничи јаловински отпад или на друг начин да ја поддржи инсталацијата, како и да вклучи, но не и да се ограничи на браната и таложното езеро, но не и вклучително јами во кои јаловинскиот отпад, по експлоатацијата и преработката на минералната суровина, се пренесува за целите на санација и изградба;

  1. Главни опасности се настани во рудникот во текот на активностите што вклучуваат управување со јаловински отпад од минерална суровина во која и да е инсталација опфатена со овој закон, а кој резултира со сериозна опасност по човековото здравје и/или по животната средина, веднаш или со текот на времето, на самата локација или на друго место;
  2. Опасни супстанции се супстанции или препарати што содржат една или повеќе опасни супстанции чиишто својства ја загадуваат животната средина и се опасни за животот и здравјето на луѓето со докажани акутни, хронични, токсични и други штетни ефекти и
  • во однос на спречувањето и контролата на хавариите, опасна супстанција е смеса или препарат, определена согласно со прописите за заштита на животната средина, или ги исполнува критериумите или својствата определени согласно со прописите за заштита на животната средина која е присутна во форма на суровина, производ, нуспроизвод, остаток или полупроизвод, вклучувајќи ги и оние супстанции за кои е разумно да се претпостави дека можат да настанат во случај на несреќа;
  1. Најдобри достапни техники се најефективните и најнапредните фази во развојот на активностите и на методите на работа кои укажуваат на практичната соодветност на конкретните технологии за обезбедување, во начело, на основата на граничните вредности за емисиите наменети за спречување и, онаму каде што тоа не е практично возможно, за намалување на емисиите и на негативното влијание врз животната средина. Притоа под:
  • техники се подразбира користената технологија и начинот на којшто инсталацијата е конструирана, се одржува, се користи и престанува да работи,
  • достапни техники се подразбира степенот на развој на техниките што се применуваат во соодветниот индустриски сектор, под економски и технички исплатливи услови, земајќи ги предвид трошоците и предностите, без оглед на тоа дали техниките се користат или се развиени и/или произведени во неповолно влијание врз животната средина, доколку се третира неправилно;
  1. Инсталација за јаловински отпад е простор наменет за акумулирање или депонирање на јаловинскиот отпад од минерални суровини, во цврста или течна состојба, или во раствор или комбинација на течна и цврста состојба во текот на следниве временски периоди:
  • нема временски период за инсталација за рударски јаловински отпад и за инсталациите за рударски јаловинскиот отпад што се карактеризирани како штетни во планот за управување,
  • период за повеќе од шест месеци за инсталации за неочекувано произведен рударски опасен јаловински отпад,
  • период за повеќе од една година за инсталации за рударски јаловински отпад што не е опасен ниту инертен и
  • период за повеќе од три години за инсталации за незагадена почва, неопасен јаловински отпад од истражните активности, јаловински отпад што произлегува од експлоатација и преработка и складирање на тресет и за инертен јаловински отпад.

За овој вид на инсталации се сметаат инсталациите што вклучуваат хидројаловиште или друга структура што служи за да содржи, задржи, ограничи јаловински отпад или на друг начин да ја поддржи инсталацијата, како и да вклучи, но не и да се ограничи на браната и таложното езеро, но не и вклучително јами во кои јаловинскиот отпад, по експлоатацијата и преработката на минералната суровина, се пренесува за целите на санација и изградба;

  1. Главни опасности се настани во рудникот во текот на активностите што вклучуваат управување со јаловински отпад од минерална суровина во која и да е инсталација опфатена со овој закон, а кој резултира со сериозна опасност по човековото здравје и/или по животната средина, веднаш или со текот на времето, на самата локација или на друго место;
  2. Опасни супстанции се супстанции или препарати што содржат една или повеќе опасни супстанции чиишто својства ја загадуваат животната средина и се опасни за животот и здравјето на луѓето со докажани акутни, хронични, токсични и други штетни ефекти и
  • во однос на спречувањето и контролата на хавариите, опасна супстанција е смеса или препарат, определена согласно со прописите за заштита на животната средина, или ги исполнува критериумите или својствата определени согласно со прописите за заштита на животната средина која е присутна во форма на суровина, производ, нуспроизвод, остаток или полупроизвод, вклучувајќи ги и оние супстанции за кои е разумно да се претпостави дека можат да настанат во случај на несреќа;
  1. Најдобри достапни техники се најефективните и најнапредните фази во развојот на активностите и на методите на работа кои укажуваат на практичната соодветност на конкретните технологии за обезбедување, во начело, на основата на граничните вредности за емисиите наменети за спречување и, онаму каде што тоа не е практично возможно, за намалување на емисиите и на негативното влијание врз животната средина. Притоа под:
  • техники се подразбира користената технологија и начинот на којшто инсталацијата е конструирана, се одржува, се користи и престанува да работи,
  • достапни техники се подразбира степенот на развој на техниките што се применуваат во соодветниот индустриски сектор, под економски и технички исплатливи услови, земајќи ги предвид трошоците и предностите, без оглед на тоа дали техниките се користат или се развиени и/или произведени во Република Македонија, доколку се разумно достапни за концесионерот и
  • најдобри се подразбираат оние техники кои се најефективни во постигнувањето на високо општо ниво на заштита на животната средина во целина;
  1. Санација е процес за прочистување на земјата што претрпела последици од инсталацијата за јаловински отпад, на начин на кој земјата се враќа во задоволителна состојба, особено во поглед на квалитетот на почвата, дивиот свет, природните живеалишта, системите на слатка вода, пејзажот и соодветната корисна употреба;
  2. Јавност е едно или повеќе правни или физички лица, граѓани и нивни регистрирани организации и здруженија и
  3. Засегната јавност е јавноста којашто, во моментот или во иднина, е засегната или има интерес во врска со донесувањето на одлука за животната средина со која е во посебен однос со одредена постапка. Засегната јавност ги вклучува и здруженијата на граѓани формирани за заштита и за унапредување на животната средина, како и поединец кој има голема веројатност да ги почувствува последиците од донесувањето на одлука.
Член 36

Концесија за експлоатација на минерални суровини

(1) Право за вршење на експлоатација на минерални суровини се стекнува со добивање на концесија за експлоатација на минерални суровини.

(2) Концесија за експлоатација на минерални суровини доделува Владата на Република Македонија (во натамошниот текст: концедент).

(3) Право за добивање на концесија за експлоатација има секое правно лице, вклучувајќи ги и странските правни лица со подружница запишана во Централниот регистар на Република Македонија, а кои ги исполнуваат условите пропишани со овој или со друг закон.

(4) Концесија за експлоатација на минерални суровини не може да добие ниту пак може да му биде пренесена во период од пет години во случај кога на правното лице, вклучувајќи ги и странските правни лица со подружница запишана во Централниот регистар на Република Македонија на кое претходно му била одземена концесија за вршење на детални геолошки истражувања или експлоатација на минерални суровини, како и правно лице кое е поврзано со тоа правно лице. Како поврзано се сметаат случаите кога правните лицa се во меѓусебни блиски врски и си остваруваат меѓусебна контрола на начин и под услови утврдени со Законот за банките.

Член 42

Доделување на концесија за експлоатација на минерални суровини по барање од заинтересирано лице

(1) Концесија за експлоатација на минерални суровини се доделува врз основа на барање од сопственикот на резултатите од извршените детални геолошки истражувања.

(2) Во случај кога барањето за доделување на концесија за експлоатација се поднесува од барателот кој е сопственик на резултатите од извршените детални геолошки истражувања од ист степен на истраженост од две или повеќе концесии за детални геолошки истражувања кои непосредно граничат меѓусебно, се доставува едно барање за доделување на концесија за експлоатација.

(3) Барањето за доделување на концесија од ставовите (1) и (2) на овој член се поднесува до органот на државната управа надлежен за работите од областа на минералните суровини најдоцна во рок од 120 дена, сметано од денот на истекот на концесијата за детални геолошки истражувања.

(4) Во случај на предвремено завршување со деталните геолошки истражувања, барањето за концесија од ставовите (1) и (2) на овој член се поднесува најдоцна во рок од 120 дена, сметано од денот на доставување на елаборатот од извршените детални геолошки истражувања заедно со стручна оцена (ревизија).

(5) Кон барањето за добивање концесија од ставот (1) на овој член се приложува:

  • податоци за барателот на концесијата,
  • топографска карта во мерка 1:25.000 или 1:50.000 со координати на граничните точки на локацијата на определен простор,
  • геодетски елаборат за посебни намени со катастарски индикации за просторот на кој се бара доделување на концесија за експлоатација, изработен од трговци поединци – овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи кои ги исполнуваат условите од Законот за катастар на недвижности,
  • Ревизиска клаузула издадена од Комисијата за вршење на стручна оцена (ревизија) на елаборатот од извршените детални геолошки истражувања, со која се потврдува дека геолошката документација е изработена во согласност со овој закон,
  • студија за оправданост на концесијата.

(6) Формата и содржината на барањето од ставот (3) на овој член го пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини.

(7) По доставување на барањето органот на државната управа надлежен за работите од областа на минералните суровини во рок од 15 дена врши увид на самото место и составува записник од извршениот увид.

(8) На увидот од ставот (5) на овој член присуствува и лице овластено од барателот на концесијата за експлоатација, кој го потпишува и записникот од извршениот увид.

(9) По спроведување на дејствијата од ставовите (5) и (6) на овој член, само во случај кога е поднесено барање за доделување на концесија за експлоатација на енергетските и металичните минерални суровини, органот на државната управа надлежен за работите од областа на минералните суровини во рок од 15 дена по службена должност бара мислење од органите на државната управа надлежни за работите од областа на заштитата на животната средина и просторното планирање, заштитата на културното наследство, транспортот и врските, земјоделството, шумарството, водите, како и од други органи на државната управа надлежни за работите од соодветната област.

(10) Во случај кога е поднесено барање за доделување на концесија за експлоатација на енергетски и металични минерални суровини, органот на државната управа надлежен за работите од областа на минералните суровини по службена должност во рок 15 дена бара мислење и од единицата, односно единиците на локалната самоуправа на чија територија е поднесено барање за доделување на концесија.

(11) Органите од ставовите (8) и (9) на овој член се должни своето мислење да го дадат во рок од 15 дена, сметано од денот на приемот на барањето.

(12) Доколку органите на државната управа надлежни за работите од областа на животната средина и просторното планирање, заштитата на културното наследство, транспортот и врските, шумарството и водостопанството, земјоделството, како и од другите органи на државната управа надлежни за работите од соодветната област нема да дадат мислење во рокот определен во ставот (10) на овој член, органот на државната управа надлежен за работите од областа на минералните суровини е должен во рок од пет дена, сметано од истекот на рокот утврден во ставот (10) на овој член да ја информира Владата.

(13) Во случајот од ставот (11) на овој член Владата ќе го задолжи органот на државаната управа надлежен за работите од соодветната област во рок три дена да достави соодветно мислење.

(14) Доколку и по истекот на определениот рок од ставот (12) на овој член не се достави соодветно мислење се смета дека е дадено позитивно мислење по однос на доставеното барање за давање на мислење.

(15) По истек на рокот од ставот (13) на овој член во случај кога е поднесено барање за доделување на концесија за експлоатација на енергетски и металични минерални суровини, органот на државната управа надлежен за работите од областа на минералните суровини е должен во рок од 15 дена до Владата да достави предлог-одлука за доделување на концесија за експлоатација.

(16) По спроведување на дејствијата од ставовите (5) и (6) на овој член во случај кога е поднесено барање за доделување на концесија за експлоатација на минералните суровини од член 4 став (2) алинеи 3, 4, 5, 6 и 7, органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини е должен во рок од 15 дена до Владата да достави предлог одлука за доделување на концесија за експлоатација.

Член 45

Одлука за доделување на концесија за експлоатација

(1) Одлука за доделување на концесија за експлоатација на минерални суровини ја донесува Владата на предлог на органот на државната управа надлежен за работите од областа на минералните суровини.

(2) Одлуката за доделување на концесија за експлоатација, покрај елементите утврдени во членот 37 од Законот за концесии и јавно приватно партнерство, задолжително треба да ги содржи и следниве одредби:

  • видот на минералната суровина,
  • површината на просторот на кој се доделува концесијата за експлоатација, дефиниран со координати,
  • должностите на носителот на концесијата во поглед на санацијата и рекултивацијата на земјиштето што е деградирано од рудничките активности и
  • други услови определени со тендерската документација и поднесената понуда.

(3) Одлуката за доделување на концесија се објавува во “Службен весник на Република Македонија”.

Член 81

Заштита на животната средина

Концесионерот кој врши детални геолошки истражувања или експлоатација, како и преработка на минерални суровини, е должен да се придржува кон одредбите на овој закон и Законот за животната средина и другите прописи од областа на животната средина и мора да ги спроведува мерките за заштита на животната средина од потенцијалните опасности и штетните влијанија.

Член 95

Спречување на влошување на состојбата на водата и загадување на воздухот и на почвата

(1) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на минералните суровини, во соработка со Државниот инспекторат за техничка инспекција и Државниот инспекторат за животна средина осигуруваат дека концесионерот ги презема потребните мерки, стандарди и цели на животната средина, утврдени со овој или со друг закон и прописите донесени врз основа на нив, а особено да го спречи влошувањето на тековната состојба на водата, меѓу другото, со:

  • оценување на можноста за создавање исцедок, вклучително и контаминирана содржина на исцедок од депонираниот отпад во текот на фазата на работење и фазата по затворање на инсталацијата за отпад, како и одредување на нивото на водата во инсталацијата за отпад,
  • спречување или сведување на минимум на создавањето на исцедок и контаминирање на површинските или подземните води и на почвата со отпад и
  • собирање и прочистување контаминирана вода и исцедок од инсталација за отпад според соодветен стандард потребен за нивно испуштање.

(2) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на минералните суровини, во соработка со Државниот инспекторат за техничка инспекција и Државниот инспекторат за животна средина обезбедуваат преземање соодветни мерки за заштита или намалување на емисии на прав и на гасови од страна на концесионерот.

(3) Во случаи во кои, врз основа на оцената на ризиците по животната средина, органот на државната управа надлежен за работите од областа на минералните суровини, во соработка со Државниот инспекторат за техничка инспекција и Државниот инспекторат за животна средина ќе одлучат дека не е потребно собирање и прочистување на исцедокот или е востановено дека инсталацијата за отпад не претставува потенцијална опасност за почвата, подземните или за површинските води, активностите утврдени во ставот (1) алинеи 2 и 3 на овој член можат, согласно со ситуацијата, да се намалат или да се укинат.

(4) При враќањето на отпадот од експлоатација во јамите за кои ќе се дозволи поплавување по затворањето, без оглед на тоа дали отпадот доаѓа од површинска или од подземна експлоатација, концесионерот ги презема сите потребни мерки за да го спречи или сведе на минимум нарушувањето на состојбата на водата и загадувањето на почвата, согласно со ставовите (1) и (3) на овој член.Концесионерот ги доставува потребните информации до органот на државната управа надлежен за работите од областа на минералните суровини и до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина за да обезбеди усогласување со обврските што произлегуваат од Законот за водите.

(5) Во случај кога во рамките на инсталациите за отпад е инсталиран басен кој вклучува присуство на цијанид, концесионерот обезбедува намалување на концентрацијата на слаба киселина од растворен цијанид во басенот до најнизок степен, користејќи ја најдобрата техника што му е на располагање, а во секој случај осигурува дека концентрацијата на цијанид одвоив со слаба киселина, во моментот на испуштање на јаловината од местото на обработка во басенот, не надминува 10 ppm за инсталациите за отпад.

(6) Доколку органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина побара, концесионерот е должен да демонстрира дека нема потреба дополнително да се намалува дозволената концентрација, преку оцена на ризикот, која ги зема предвид посебните услови на локацијата.