Двосменското работење на градинките – можност за економско јакнење на жените

Форумот на жени на ДОМ искажува задоволство од Одлуката на Владата по предлог на Министерството за труд и социјална политика за воведување двосменско работење на градинките.

Се реализира една долгогодишна заложба на Форумот на жени на ДОМ во насока на обезбедување баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот на жените и унапредување на родовата рамноправност.

Двосменското работење на градинките ќе овозможи поголемо вклучување на жените на пазарот на труд и нивно економско јакнење, отворање на нови работни места и економски развој на целото општеството.