Ново раководство на ДОМ во Крива Паланка

Општинската организација на ДОМ во Крива Паланка одржа изборно собрание на кое беше избрано ново раководство, со д-р Дане Милошевски како претседател и д-р Сретимир Николовски како потпретседател.

Приоритет на ДОМ во општината и понатаму ќе биде отворање работни места во зелената економија, пред се во користењето на обновливи извори на енергија, енергетската ефикасност, нови паметни технологии, како и еко-туризмот, за што градот и околината имаат извонредни услови. Истовремено, останува и заложбата за подобрување на квалитетот на животот и спречување на секакво загадување.