Нештата не изгледаат добро за живиот свет на нашата планета. Некои проценки велат дека близу 40% од вкупниот жив свет на планетата Земја е веќе истребен. И ако за миг помислите дека Видовите ќе има можност да здивнат макар во ова време на глобализација помислете пак. Последниот извештај на признати светски биолози покажува дека и од преостанатиот жив свет во моментов , дури половината е соочена со истребување во наредните 100 години!
Предупредувањето дооѓа од неодамна одржаната Светска конференција посветена на заштита и промоција на живиот свет и биодиверзитет, одржана во Ватикан.
Гледано хронолошки, во изминатите 3,7 милијарди години, малото парче карпеста формација и наш единствен дом планетата Земја, во својот еволуциски циклус била соочена со повеќе феномени на делумно или комплетно истребување на живиот и растителен свет. Разликата денес е што покрај природниот циклус на истребување на видовите кој се јавува со одредено темпо и времетраење, во равенката е вклучен и факторот човек.
Со енормна индустријализација, неконтролираното и масовно сечење на шумите, исфрлањето огромни количества јаглерод диоксид во атмосферата, и ловењето на илјадници тони риба од океаните, процесот на истребување според стручните лица, од природните рамки е забрзан од илјада до десет илјади пати!
Оттука и заклучокот на биолозите, дека ако во наредните децении човештвото продолжи да се однесува неодговорно како досега и не промени ништо во начинот на кој ги ескплоатира ресурсите на планетета, особено преку сечењето на шумите и ископувањата на рудните богатства, тогаш половината од живиот свет и неговите видови ќе бидат на работ на преживување. Ова не се однесува само на тигрите или пандите, туку и на микроорганизмите, растенијата, габите. Сите тие веројатно е дека ќе исчезнат од лицето на Земјата.
ЛИНК КОН ОРИГИНАЛНИОТ ТЕКСТ:
http://www.iflscience.com/plants-and-animals/half-of-all-life-may-be-extinct-within-a-century/
Александар Ивановски